Како вежбањето да се претвори во секојдневна навика?

Ф.З.
/ 20.10.2021 / 12:06

Најтешкото нешто во врска со тренинзите и вежбањето е тоа да го претворите во постојана навика, а се чини дека за да создадете рутина треба постојано да вежбате секој ден во исто време, што ќе го навикне телото да очекува раздвижување во одредени периоди на денот.

Едно истражување покажа дека луѓето кои секој ден редовно тренирале во истото време, правеле повеќе вежби секоја недела од оние кои го менувале времето за вежбање. Оние лица кои вежбале секој ден во истото време, исто така, имале поголема веројатност да постигнат препорачани 150 минути физичка активност неделно.

Се чини дека иако мотивацијата може да ве придвижи, а планот за вежбање може да ве држи на „вистинскиот пат“, посветувањето одреден период од денот на тренингот може да биде најлесниот начин да се стекнете со навика.

И покрај митот дека се потребни 21 ден за да се формира навика, истражувачите од Универзитетскиот колеџ во Лондон открија дека за време на испитувањето извршено над 96 луѓе во текот на 12 недели, во просек биле потребни два месеца за поединецот да формира ново однесување до тој степен да тоа стане автоматско за организмот.

Следејќи ја оваа логика, полесно е да се воведе нова навика за вежбање во исто време од денот - т.е. ако на пример се обидете да вежбате веднаш штом ќе излезете од работа, отколку одеднаш да промените сѐ во вашата дневна рутина. Додавањето само една нова форма на вежбање дневно како дел од вашата сегашна рутина може да биде двигател за обнова на вашата кондиција.

Одредувањето на времето за вежбање е исто толку важно како и планирањето на вашите вежби, за долгорочно да останете на вистинскиот пат. Важно е со тренингот да влезете во рутина, но тоа мора да биде во согласност со вашиот животен стил, бидејќи тоа ќе биде долгорочна промена.

Remote video URL

Затоа, планот и рутината мора да биде реален за да можете да функционирате во вашите околности, а вежбањето во истото време од денот ќе ви помогне да ја зајакнете навиката.

Дури и ако го пропуштите предвиденото време за вежбање, најважно е да верувате во себе повеќе од планот за вежбање. Верувајте дека имате способност да бидете флексибилни дури и ако пропуштите закажана временска рамка или рутина кога вежбате нормално.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фит

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Read more

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе