УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Конте: Им подаривме два гола, можевме и да победиме

Тренерот на Интер е разочаран од резултатот, но задоволен од прикажаното на неговите играчи иако, како што вели, поради грешки му подариле два гола на противникот.

Интер синоќа гостуваше во Мадрид кај Реал каде одигра интересен натпревар. Имаше негатива од 2:0, но потоа успеа да израмни на 2:2. Во финишот двата тима играа на победа која на крајот ја однесе домаќинот.

„Нормално дека резултатов ни остава горчина, но ваквите натпревари покажуваат дека тимот се подобрува. Не би знаел колку други тимови би имале карактер да одиграат ваков натпревар во Мадрид. Имавме негатива од два гола, се вративме и можевме да поведеме со 2:3. Овој тим чекори кон подобрување во сите аспекти. На жалост, резултатите не нѐ наградуваат, но ваквите игри ни даваат поголема самодоверба и сила во нашата волја повторно да бидеме тим за почит. Оваа група се подобрува на европската сцена, но не постои скратен пат, едноставно мораме повеќе да внимаваме на деталите. Си одиме дома со тежок резултат, но убедени во она што можеме да го постигнеме. Одигравме одличен натпревар против тим како Реал Мадрид кој за натпреварот зборуваше дека е тежок небаре се работи за финале“, вели Антонио Конте.

За првиот гол, вели покреај грешката на Ашраф Хакими, кога додавањето кон голманот Хандановиќ му беше прекратко, имало и фаул врз него од страна на Ферлан Менди кој судијата не го досуди.

„Им подаривме два гола. Имаше погрешно додавање позади, но и фаул од Менди над Хакими. Потоа Рамос нѐ надитри; знаеме дека е добар во такви ситуации и мораше подобро да го чуваме. Момците мора да обрнуваат поголемо внимание да детали бидејќи тие ја прават разликата на ова ниво“, објаснува тој.

По 3 одиграни кола Интер има само 2 бода и е на последното место во групата. Сепак, во последните три кола има два натпревара на домашен терен, 9 бода се во игра, па за Конте војната не е завршена.

„Има уште 9 бода во игра. Знаевме дека ова ќе биде најкомплицираната група во Лигата на шампионите. Имаме уште три натпревари и ќе направиме сѐ за да минеме во наредната фаза бидрејќи овој тим докажа дека може да игра против секого. Можеби со малку повеќе среќа. Мора да продолжиме да работиме, свесни за фактот дека ова е вистинскиот пат“.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Идеја за појадок: Мини крофни од апарат

Read more
Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Read more
Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе