Мастурбирањето во брак е здраво – ќе сакате секс повеќе и почесто

Мастурбирањето во врска или во брак уште носи етикета „забрането задоволство“, а всушност е едноставен и добар пат до поголема сексуална желба, подобро здравје и помалку стрес.

Долгогодишните врски и бракови може да бидат исполнети со љубов и почитување, но не е реткост да почне да недостига почетната страст и возбудување. Мастурбирањето во тој случај е одлична алатка за зголемување на сексуалниот апетит.

Сексолозите се едногласни – колку повеќе имате секс, толку повеќе ќе сакате секс. На ист начин делува и мастурбирањето.

„Мастурбирањето го зголемува сексуалниот апетит и желбата за секс. Тоа важи и за мажите и за жените. Ако ви треба уште една причина да мастурбирате, не заборавајте дека на тој начин исто така го одржувате здравјето на репродуктивните органи“, објаснува Сејди Алисон, сексолог и авторка на книгата „The Mystery of the Undercover Clitoris“.

Уште една добра страна на мастурбацијата е развивање на сексуалните фантазии. Заборавете на ограничувањата - бидејќи во овој случај навистина не постојат – и направете си забавни сценарија.

Дозволете си фантазија што ќе ви влезе во потсвеста и ќе ви помогне да се „загреете“ кога сте со партнерот/партнерката. Алисон објаснува дека сексуалните фантазии ја зголемуваат желбата за секс, а не се ништо неморално или забрането. Од друга страна, тоа е приватна работа за која не мора никој да знае.

Самозадоволувањето многу често е вистински спас. Во ситуации кога едниот партнер многу сака секс, а другата страна не е баш расположена, зошто да се форсира секс, кога може буквално да ја земете ситуацијата во свои раце. На крајот на краиштата, вие најдобро се познавате себе си и оргазмот ви е загарантиран.

После ден исполнет со стрес, ако немате услови за секс, секогаш може да се потпрете на мастурбацијата, а оргазмичното доживување ќе го поттикне лачењето на ендорфин – хормонот на среќата и доброто расположение.

Имајте на ум дека со годините телото се менува, па и вашите сексуални желби и преференци може исто така да се сменат, потсетува Алисон. Таа додава дека токму мастурбацијата може да ви покаже најдобро што точно ве возбудува и ви причинува задоволство.

И за крај, не заборавајте дека мастурбирањето не е изневерување. Вашите секс фантазии се ваша приватна работа, сѐ додека предметот на вашата фантазија кога мастурбирате, останува таму – во фантазијата.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Љубов и секс

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Read more

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе