Првиот електричен модел на Mercedes со потпис на Maybach има два електромотори кои произведуваат 658 КС и 950 Nm вртежен момент.
Моделот со ознака EQS 680 е базиран на ултра луксузниот модел на Mercedes EQS и претстатвува одговор на најлуксузните SUV модели кои ги нудат Rolls-Royce и Bentley.
Каросеријата долга 5,12 метри ја движат два електромотори на двете осовини, а комбинираниот потебцијал изнесува 658 коњски сили, што е доволно за забрзување од нула до стотка за 4,1 секунди, а максималната брзина е ограничена на 210 км/ч.
Со едно полнење на батеријата, EQS 680 може да помине до 600 километри, а за целосно полнење се потребни само 31 минути.
Mercedes-Benz ќе го произведува Maybach EQS 680 во фабриката во САД. Цената уште не е откриена, а првите примероци ќе пристигнат кој крајот на годинава.