МВР предупредува на зачестена појава на компјутерска измама со криптовалути

Зачестија измамите во кои граѓаните остануваат без илјадници евра и криптовалути, предупредија од МВР.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи информира за забележана зачестена појава во изминатиов период, каде непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни електронски адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку кои се ветува лесна заработка со исполнување на одредени задачи кои се доделуваат на дневно ниво од самиот сервис или апликација.

Како што наведуваат од МВР, измамата ја вршат на тој начин што, откако лицата ќе се регистрираат и ги остават нивните лични податоци, добиваат кориснички профил преку кој може да купат одреден пакет во зависност од паричните средства кои се подготвени првично да ги инвестираат преку купување на претплатнички пакети во криптовалути.

-Откако корисникот ќе ја направи иницијалната инвестиција, добива одредени задачи кои вклучуваат посета на веб-страни или преглед на видеа за кои добиваат соодветен надомест, во зависнот од пакетот што го имаат избрано. На овој начин сѐ повеќе граѓани влегуваат на пазарот за криптовалути, но немаат доволно знаење или информации како да го направат тоа на безбеден начин, појаснуваат од МВР.

Како резултат на тоа, се посочува, зачестија измамите, во кои граѓаните остануваат без илјадници евра и криптовалути.

-Со цел да се избегне таквото сценарио, експертите редовно ги предупредуваат граѓаните да внимаваат да не станат жртви на инвестициски измами. Се советуваат граѓаните, за да избегнат вакви измами, пред сѐ, да бидат претпазливи кон сите понуди што ветуваат нереално високи приходи за многу краток временски период – ова е првиот и најочигледен знак дека станува збор за измамнички намери. За време на комуникацијата не треба да се даваат на никого доверливи лични податоци, фотографии од лични документи, банкарски картички, како и еднократни лозинки за апликации за банкарство преку Интернет или други податоци за овластување на банкарски трансакции, се наведува во соопштението

За тоа што можат да направат граѓаните се препорачува:

-Секогаш да побараат финансиски совети пред да дадат пари или да инвестираат средства;

-Да ги одбијат ненајавените повици за можности за инвестирање;

-Да се информираат и да побараат непристрасни финансиски совети пред да инвестираат пари кон понудите што ветуваат сигурна инвестиција, гарантирани приноси и голем профит;

-Ако некогаш инвестирале во измама, измамниците најверојатно ќе ги наведат повторно или ќе ги продадат нивните информации на други измамници и

-Да стапат во контакт со полиција доколку се посомневаат во нешто.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика воедно, апелира граѓаните и правните субјекти да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност.

Тагови
реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Хроника

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Read more

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Read more

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Read more

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Read more
 

Вести

Одземен имунитетот на судијата Наќе Георгиев, отворена истрага и против Мемети

Читај повеќе

Франција го поддржува повикот за налог за апсење на Нетанјаху

Читај повеќе

Претрес и кај Иџет Мемети во случајот со барањето поткуп

Читај повеќе

Избрани 15-те млади поети кои ќе читаат на „Отскочна даска“ 2024

Читај повеќе

Мајкл Коен призна дека крадел пари од фирмата на Трамп

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовни протести во Тел Авив, се бара оставка од Бенјамин Нетанјаху

Читај повеќе

Италијански супервулкан го погоди најсилниот земјотрес во последните 40 години

Читај повеќе

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

Читај повеќе

Бајден: Она што се случува во Газа не е геноцид

Читај повеќе