Намирници што можат да му наштетат на вашиот мозок

Одредени намирници можат да бидат штетни за функциите на вашиот мозок. Бројни истражувања покажаа дека храната што содржи големи количини заситени масти и шеќери може лошо да влијае на секојдневниот живот, пишува MSN.

Со кои намирници треба да бидете внимателни?

Шеќер

Новите истражувања покажуваат дека шеќерот може да влијае на вашиот мозок, како и на вашиот струк. Во една студија со животни, истражувачи од УКЛА открија дека глувците хранети со фруктоза потешко се снаоѓаат во лавиринт, што е знак на забавено учење и губење меморија, во споредба со друга група глувци кои добиле фруктоза и омега-3 масни киселини.

Исхраната само со фруктоза ја намалила активноста на мозокот, а одредени омега-3 масни киселини можат да го заштитат мозокот од штетните ефекти на фруктозата.

Пекарски производи

Не треба да сте загрижени само за шеќерот. Во студија од 2015 година, возрасните кои изјавиле дека јадат голема количина заситени масти во текот на денот потешко се присетуваат на зборови кои ги виделе во тест за меморија. Иако производите кои содржат заситени маснотии најчесто се во пекари, постои можност и дома да имате многу такви производи. Проверете ја ознаката за нутритивна вредност, особено на преработена храна, за да бидете сигурни дека не јадете заситени масти.

Преработено месо

Исхраната со висок процент на „лоши“ заситени маснотии може да наштети на функциите на мозокот, покажа истражување на Харвард, објавено во Annals of Neurology.

Кога истражувачите ги проучувале навиките во исхраната и ја тестирале работата на мозокот на 6000 жени во просек од 4 години, откриле дека жените кои најмногу јаделе заситени маснотии имале пониски резултати на тестовите на работата на мозокот и паметењето. Од друга страна, жените кои јаделе најмногу мононезаситени масти (ги има во маслиново масло и авокадо) имале подобри резултати.

Бирајте верзии на животински производи со низок процент на масти како сирење, јогурт  млеко, избегнувајте преработено месо како сланина, внесувајте протеини од растителни извори како соја и мешунки, советуваат нутриционистите.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе