НАСА испрати погрешна команда и изгуби контакт со вселенско летало оддалечено 19 милијарди километри

НАСА наслушнува за каков било сигнал од Voyager 2 откако изгубил контакт со леталото, кое е оддалечено милијарди километри.

Фрлајќи се сè подлабоко во меѓуѕвездениот простор, Voyager 2 изгуби контакт со Земјата откако контролорите на летот случајно испратија погрешна команда пред повеќе од една недела, навалувајќи ја својата антена подалеку од Земјата.

Антената на леталото се поместила само за 2%, но тоа било доволно за да се прекине комуникацијата. НАСА вчера објави дека нејзината огромна антена во Канбера бара залутани сигнали од Voyager 2, кој е оддалечен повеќе од 19 милијарди километри, пишува The Guardian.

Во октомври леталото автоматски ќе се ресетира

Потребни се повеќе од 18 часа за сигнал да стигне до Земјата од толку голема далечина. Voyager 2 беше лансиран од Флорида во 1977 година за да го проучува надворешниот Сончев Систем, како и Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Беше лансиран само неколку недели пред неговиот идентичен близнак Voyager 1. Влезе во меѓуѕвездениот простор во 2018 година, откако откри мноштво нови месечини на Уран и една на Јупитер.

Во наредната недела, антената во Канбера исто така ќе ја „преплави“ околината на Voyager 2 со правилна команда, надевајќи се дека ќе ја погоди целта, според лабораторијата за млазен погон на НАСА, која управува со мисиите Voyager. Во спротивно, НАСА ќе мора да почека до октомври за автоматско ресетирање на леталото, кое треба да воспостави комуникација.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе