Официјален трејлер за Meg 2: The Trench со Џејсон Стејтам

Warner Bros. Pictures го објави првиот трејлер за новиот филм Meg 2: The Trench.

Пет години откако оригиналниот Meg излезе во кината, Џејсон Стејтам се враќа како Џонас Тејлор, нуркач кој преживеал смртоносна средба со праисториски суштества.

На Стејтам ќе му се придружат Сиена Гилори, Клиф Кертис и Шуја Софија во борбата против едно од најголемите суштества во историјата. Гилори беше модел пред нејзината актерска кариера, а имавме шанса да ја видиме во филмот Clifford: The Big Red Dog. Кертис глумеше во блокбастерот Avatar: The Way of Water како водачот на племето Меткајина, пишува Collider.

Во првиот филм, Тејлор го спасува екипажот на нуклеарна подморница која ќе се расипе. По пристигнувањето на местото на катастрофата, возилото е нападнато од неидентификувано суштество. Тејлор ги известува своите претпоставени за инцидентот, но тие го обвинуваат дека измислува работи поради притисокот под кој бил под вода. Џек Морис (Рејн Вилсон), милијардер кој започна мисија за истражување непознат дел од Маријанската Бразда, предоцна го прифаќа фактот дека мегалодоните не се изумрени и дека луѓето треба да се држат настрана од нив.

Продолжението е инспирирано од книгата The Trench од Стив Алтен од 1999 година. Во тој роман, Тејлор е целосно посветен на проучувањето на мегалодонот откако открива дека видот не е изумрен. Она што Тејлор не можеше да го очекува е да се соочи лице в лице со Кроносаурус, диносаурус со краток врат кој можел да живее во вода.

Meg 2: The Trench пристигнува во кината на 4 август.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Филм & ТВ

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Read more

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Read more

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Read more

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе