Океаните ја апсорбираат топлината предизвикана од човекот, резултатот - домино ефект без преседан

Европскиот сервис Copernicus објави дека за време на месец мај се забележани највисоки температури на океанската површина без мраз, откако се вршат мерења.

„Температурите на површината на океанот веќе достигнуваат рекордни нивоа и нашите податоци покажуваат дека просечната температура за сите мориња без мраз во мај 2023 година била повисока отколку во кој било друг месец мај“, вели во соопштение Саманта Барџис, помошник директор на европскиот сервис Copernicus за климатски промени.

Податоците се засноваат на компјутерска анализа врз основа на милијарди мерења направени од сателити и бродови, авиони и метеоролошки станици ширум светот.

Некои од податоците користени од Copernicus доаѓаат од 1950 година, но повеќето од нив од 1979 година.

Просечната температура на површината на океанот (секогаш без зоните каде има мраз) во мај била околу 19,7 степени Целзиусови, односно 0,26 степени над просечната вредност за периодот од 1991 до 2020 година, изјави портпаролот на Copernicus.

Океанот, како сунѓер, апсорбирал околу 90% од зголемувањето на топлината предизвикано од човечките активности.

Тоа затоплување предизвикува домино ефект без преседан, велат Обединетите нации, како што се топење на мразот, зголемување на нивото на морињата, топлотни бранови на океаните и зголемување на киселоста на океаните.

Исто така се намалува капацитетот за апсорпција на јаглерод диоксид, а денес океанот апсорбира 25% од сите емисии на јаглерод диоксид.

Кога станува збор за температурите на целата планета, месец мај беше вториот најтопол досега забележан месец.

„Месецот мај 2023 година беше вториот најтопол мај на глобално ниво“, рече Барџис, додавајќи дека природниот феномен наречен Ел Нињо продолжува да се забележува во екваторијалниот Пацифик.

Ел Нињо е природен климатски феномен обично поврзан со зголемување на температурата, зголемена суша во некои делови од светот и обилни дождови во други.

Последен пат овој феномен се појави во 2018-2019 година, по што следуваше прилично долг период од речиси три години на феноменот Ла Ниња, што предизвикува спротивни ефекти, односно намалување на температурите.

Светската метеоролошка организација на почетокот на мај процени дека постои 60% веројатност Ел Нињо да се развие до крајот на јули и 80% да се случи до крајот на септември.

Површините на морињата (неполарните води) биле повисоки од годишниот температурен рекорд во април, покажуваат податоците на американската организација НОАА објавени на почетокот на мај.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе