Олимпискиот медалист Георгиевски бара итна корекција од АМС за висината на ваучерот

Теквондистот Дејан Георгиевски ја нарече срамна одлуката на Агенцијата за млади и спорт (АМС) околу износот на спортскиот ваучер кој му го додели на освојувачот на сребрениот олимписки медал во Токио и побара истата веднаш да биде коригирана.

Реакцијата на Георгиевски и Македонската текводно федерација доаѓа по одлуката на АМС да му додели со ваучер во износ од 350.000 денари, вреднувајќи го неговиот сребрен олимписки медал помалку од среброто на каратистот Емил Павлов, освоено на Светското првенство и од настапот на параолимпијката Оливера Наковска Бикова, кои добија ваучери во износ од по 400.000 денари.

„Никако не можам да разберам како кој било друг спортист во овој момент може да има поголема финансиска добивка со спортски ваучер од мојот успех. Никој здраворазумен во нашата држава нема да најде здрава логика во ова што беше направено од страна на комисијата за доделување ваучери при АМС. Срамно!“, реагира Георгиевски во денешниот допис до медиумите објавен на социјалните мрежи.

Георгиевски, притоа, ја повика АМС веднаш да ја коригира одлуката и соодветно да ги вреднува спортистките успеси, апелирајќи притоа во целиот случај да се вклучи и јавноста.

„Ова го барам исклучително од принципиелни причини за да го одбранам со крв донесениот историски сребрен медал од Токио, но сакам заедно со мене да побарате и сите вие затоа што овој успех, овој олимписки медал, овој остварен олимписки сон ни припаѓа на сите нас, и никој, апсолутно никој нема право да фрли сенка на истиот“, се истакнува во реакцијата на Георгиевски.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Останати спортови

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Read more

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Read more

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Read more

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе