Паѓаат цените на нафтата

По две недели раст, минатата недела цените на нафтата паднаа на светските берзи, а нивното движење главно зависеше од вестите од Блискиот Исток.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 1,8 отсто, на 90,48 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 3,6 отсто, на 85,54 долари.

Цела недела, цените флуктуираа во релативно тесен опсег, главно во зависност од вестите од Блискиот Исток.

Кога вестите покажаа дека конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас ескалира, цените на нафтата се зголемија, а кога се чинеше дека тензиите се намалуваат, цените паднаа.

Нивниот пад на неделно ниво ќе беше уште поголем доколку во петокот цените не поскапеа за околу три отсто бидејќи трговците беа вознемирени од нападот на американските воени авиони врз магацините со оружје и муниција во Сирија.

Пентагон објасни дека возвраќа на нападите на паравоените сили поддржани од Иран против американските сили од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Конфликтот меѓу Израел и Хамас и вооружените инциденти во регионот засега не влијаеле директно на испораките на нафта, но можни се прекини во испораките од Иран и другите големи производители во Персискиот Залив.

„Дури и на најинформираните набљудувачи на настаните во регионот се уште е многу тешко со сигурност да се прогнозира како ќе се развива кризата бидејќи сè уште не е јасно каде се линиите, чие преминување може да донесе повеќе актери на бојното поле“, рече Хелима Крофт од RBC Capital.

По минатонеделниот пад, ценовните добивки годинава се намалени. На лондонскиот пазар цената на барелот сега е во плус во однос на почетокот на годината за нешто повеќе од 5 отсто, а на американскиот пазар околу 7 отсто.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе