ЗИМСКИ ТРАНСФЕР ПЕРИОД 2020

Пандев е пред сензационално враќање во Интер

На повидок е чудесен трансфер во последен момент, Горан Пандев по скоро девет години да се врати во Интер.

Специјалистот за трансфери во Калчото, Џанлука Ди Марцио од Sky Sport, на Twitter објави дека Интер се обидува преодниот рок да го затвори со, верувале или не, нашиот Горан Пандев.

 

 

Иако има 36 години, Пандев игра одлична сезона во Џеноа, а на Интер очајно му е потребен играч плус во нападот, искусен играч кој знае да проигрува, асистира и погодува, чија цена на пазарот е многу ниска и кој ќе влегува од клупата. Според Ди Марцио, изборот на управата на „Нераѕурите“ паднал токму на Пандев кој ги исполнува сите овие критериуми.

Македонската легенда би бил евтин трансфер со оглед на возраста, но и фактот што договорот со Џеноа му завршува во јуни. Ова е и последна шанса за претседателот Енрико Прециози да оставри непланирана заработка на него.

Сепак, ова е изненадување и за самиот Пандев кој не планираше заминување од Џеноа, туку завршување на кариерата на „Мараси“.

Но, со Интер би имал уште една шанса за освојување на некој трофеј со оглед на тоа што „Нераѕурите“ се во игра на три фронта: Серија А, Копа Италија и Лига Европа. Токму заради тие три фронта на тимот на Антонио Конте му е потребен уште еден напаѓач бидејќи за истурените Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинес замена е само младиот и неискусен 17-годишен Себастијано Еспозито. Тука се и Алексис Санчес и Виктот Мозис, но тие се крилни офанзивци. Сега Лаутаро треба да одлежи суспензија од два натпревара, а Конте има главоболки кого да го игра како партнер на Лукаку.

Враќање на Пандев во Интер после скоро 9 години има логика, но веројатно е тешко остварливо со оглед на тоа што Пандев причината за завршувањето на кариерата во Џеноа ја гледа во своето семејство. Неговите син и ќерка се навикнати на животот во градот Џенова и Горан поради тоа не сака нова преселба, а најави и дека по пензионирањето ќе продолжи да живее во овој пристанишен град.

Сепак, еден последен предизвик во кариерата, можеби вреди да се проба... Зимскиот трансфер период во Италија се затвора утре, на 31 јануари во 20.00 часот.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе