Пет работи што не сте ги знаеле за самураите

Привилегираните јапонски воини, кои носеле катани, водени од кодексот бушидо, ја чувале својата чест до смрт.

Од детството, овие бестрашни воини ги учеле на самодисциплина, градејќи чувство на должност. Тие ги отфрлале материјалните добра и секој облик на страв - особено оној од смртта.

Во периодот од 1603 до 1867 година станале владејачка воена класа и највисока општествена класа во Јапонија, на голема жалост на нивните непријатели, бидејќи храбрите самураи секогаш ја ставале честа пред нивните потреби, па дури и нивните животи.

Ова се најинтересните факти за самураите.

Честа пред сѐ

Самиот збор самурај значи „оној кој служи во име на честа“. Колку овој принцип бил важен во животот на самураите најдобро покажува сепуку, доброволен чин или казна што имплицира дека самураите кои не го следат доследно бушидо - „патот на воинот“ - или паѓаат во рацете на непријателот, извршуваат самоубиство.

Најпознатата форма на ова ритуално самоубиство вклучува воин да си го прободува стомакот со сечило и да го движи лево-десно. После тоа, друг самурај го обезглавува бидејќи во спротивно смртта би била премногу болна.

Не биле само воини

Единственото нешто што ги правело самураите различни од другите воини ширум светот бил нивниот необичен оклоп и катана. Биле политички активни и образовани, пишувале поезија, правеле цветни аранжмани, добро знаеле математика...

Не користеле само катани

Иако „душата на самураите е во неговата катана“, тие прво го користеле чокутото, потенка и пократка верзија на правите мечеви што подоцна ги користеле средновековните витези. Како што напредувале техниките за правење мечеви, се користеле сè повеќе искривени мечеви - сè додека не биле развиени катаните.

Сепак, тие не биле единственото оружје што го користеле самураите. Користеле и дрвени оружја како палки, предмети со синџир, долг лак (јуми), копја (јари и нагината)... По развојот на технологијата почнале да користат топови и пушката танегашима.

Постоеле и самурајки

Иако во тоа време жените во другите култури имале подредена положба и чекале нивните сопрузи, татковци, синови и браќа да се вратат од војните, жените во Јапонија биле во поинаква ситуација. Имено, тие имале политичко влијание и биле дел од оваа бестрашна и елитна класа. Јапонките познати како Она-бугеиша се бореле рамо до рамо со мажите и го следеле истиот кодекс на однесување и филозофија на живот.

Но, наместо катана, најчесто користеле нагината, копје долго повеќе од еден и пол метар, на врвот со заоблен меч.

Вакашудо

Хомосексуалноста не била табу тема меѓу самураите. Згора на тоа, на искусните воини кои ги учеле младите мажи и момчиња им било дозволено да имаат романтични врски со своите ученици доколку тие се согласат.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе