Pfizer сардисан: Неочекувани проблеми со вакцината против коронавирус

Беа забележани неочекувани тешкотии во првите денови од користењето на вакцината Pfizer, вклучувајќи дози кои биле складирани на премногу ниски температури и потенцијални предизвици за компанијата Pfizer во производството, соопштија американските власти.

Најмалку два контејнери со дози на вакцина против коронавирус, кои беа доставени во Калифорнија, требаше да бидат заменети затоа што се чувале на температура под -80 степени Целзиусови, изјави американскиот воен генерал Густав Перна.

Вакцините што се резултат на заедничката работа на Pfizer и BioNTech треба да се чуваат на температура од околу -70 степени Целзиусови.

Официјалните лица испитуваат дали чувањето на вакцините на претерано ниски температури претставува ризик за нивната безбедност и ефикасност, додаде Перна.

Pfizer соопшти и проблеми со производството на вакцините, изјави американскиот секретар за здравство Алекс Азар.

„Ќе им обезбедиме целосна поддршка преку кој било механизам за да можат да произведуваат вакцини за Американците“, рече Азар.

Угур Сахин, извршен директор на BioNTech, за Reuters минатата недела изјави дека првичната цел за производство на 100 милиони дози на вакцини во 2020 година била преполовена, делумно поради потешкотии во снабдувањето со суровини. Тој додаде дека проблемот е решен во меѓувреме и дека производството на голема количина вакцини продолжува.

Едно лице од здравствениот систем од американската сојузна држава Алјаска доживеа силна алергиска реакција откако во вторникот ја прими првата доза на вакцината против коронавирус, произведена од Pfizer и BioNTech, пишува New York Times.

Три лица запознаени со случајот за New York Times изјавија дека дотичното лице е хоспитализирано и уште е во болница. Лицето наводно немало претходни проблеми со алергии на какви било лекови и не е познато дали можеби страдало од какви било други алергии.

Алергиската реакција на вакцината кај таа личност наводно била слична на анафилактичниот шок што го претрпеле двајца здравствени работници во Велика Британија, исто така по примање на вакцината Pfizer. И двајцата се опоравија.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе