Пред да кажате ДА: Четири типови на мажи со кои е тешко да се биде во брак

Можеби звучи грубо, но некои мажи едноставно не се „материјал за брак“.

Брачната заедница подразбира верност, искреност, посветеност, подготвеност на компромиси и понекогаш ставање себе си на второ место.

Мажите кои ги немаат овие квалитети се тешки за соживот, а да не се лажеме, можеби луѓето се менуваат, но нема да ги сменат овие основни карактерни црти.

Ако го препознаете вашиот партнер во некој од овие типови, убаво размислете дали би сакале да бидете во брак со него.

Маж кој не ги признава грешките

Ако партнерот некогаш ве повредил некако, сте останале заедно, но тој никогаш не си ја признал грешката и не се покајал за направеното, тоа значи дека не му е гајле за вас. Иако ви кажува дека сака да биде со вас, тој не покажува дека се грижи за вашето емотивно здравје, туку само не сака да биде сам.

Егоист

Во љубовта понекогаш треба да се ставиме себе си на второ место. Мажите кои се окупирани со себе и само со себе нема да забележат кога ви се најпотребни, а тоа значи дека нема да можете да се потпрете на нив, што е еден од основните столбови на бракот.

Измамник

Можеби е прекрасен за вас, но треба да го погледнете партнерот и како единка во општеството. Ако е превртлив со пријателите, недоверлив со семејството, ако би направил измами и трикови за да дојде до лесна заработка, тоа не е човек на кој може да сметате дека ќе гради заеднички живот со вас. Можеби нема директно да ви наштети, но неговите измами може негативно да се одразат на вас како негова партнерка.

Мрзлив маж

Можеби во моментов нема работа, но што прави со тоа слободно време може многу да ви каже за човекот. Ако сега очекува некој друг да му направи јадење, да исчисти по дома и слично, што да очекувате кога ќе живеете заедно и евентуално ќе имате деца? Забележете каков однос има кон работата и како го користи слободното време, тоа ќе ви даде многу одговори за тоа каков ќе биде како брачен партнер.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Љубов и секс

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Read more

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе