Предлог за вечера: Печен компир со сланина, кромид и домати

Одлична идеја за вкусна вечера која ќе му се допадне на целото семејство. Само изрендајте ги компирите и додадете сланина, кромид и домати.

Компирот е една од најомилените намирници која има широка примена во кулинарството. Од него може да се прават најразлични јадења, а вака подготвениот компир најмногу потсетува на пекарски компир. Ако таков ви се допаѓа, ќе ви се допадне и овој. За него нема да би биде потребна тава бидејќи се пече во рерна, а на крајот се посипува со кашкавал, кој му дава додатен шмек. Подготовката е многу едноставна, а ќе им успее и на оние кои никогаш претходно не готвеле.

Потребни состојки:

  • 1 кг компири
  • 1 црвен кромид
  • 15 чери домати
  • 2 јајца
  • 100 гр сланина
  • 80 гр кашкавал
  • сол
  • бибер
  • лута пиперка
  • оригано
  • магдонос
  • маслионово масло

Подготовка:

Компирите сварете ги, па излупете ги и изрендајте ги. Додадете ги јајцата и зачините и добро соединете. Ставете во огноотпорен сад и убаво израмнете. Печете на 180°C околу 35 минути. За тоа време пропржете го кромидот исечен на ленти, како и ситно сечканата сланина, а по две минути додадете ги и сечканите чери домати. Извадете ги компирите од рерна и одозгора додадете ги сланината, кромидот и доматите. На крајот посипете со кашкавал и вратете во рерна на уште 10-15 минути.

Remote video URL
Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Рецепти

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Read more

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Read more

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Read more

Пикантни свински медалјони готови за 20 минути

Read more
 

Магазин

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе