Пролет се засили со Стојчевиќ, нов договор за Василевски

Суперлигашот Пролет го комплетираше првиот трансфер во пресрет на новата сезона, потпишувајќи двегодишен договор со Стефан Стојчевиќ.

Фото: РК Тинекс Пролет Скопје

Овој перспективен пивот доаѓа од редовите на Алкалоид, каде не доби премногу голема минутажа по ланскиот трансфер од таборот на Бутел.

„Станува збор за исклучително талентиран ракометар кој ќе биде од голема помош во нападот и во одбраната, покривајќи ја пивотменската позиција што остана испразнета по заминувањата на Арсеновски и на Крстевски“, објави клубот од истоимената скопска населба.

Пролет успеа да го задржи во своите редови Александар Василевски, со кого потпиша нов договор, па искусниот лев бек и во новата сезона ќе ги брани боите на суперлигашот.

„Василевски важи за беспрекорен шутер, на неколку овосезонски натпревари беше и најдобар стрелец на Тинекс Пролет, а игра и значајна улога во одбраната на тимот на Александар Јовиќ“, велат пролеќани.

Од Пролет велат дека продолжуваат со преговори за ангажман на уште неколку засилувања со кои би бил заокружен ростерот за наредната натпреварувачка сезона во која пролеќани ќе се обидат да бидат поконкурентни откако изминатава сезона завршија на 7. место во плеј-оф групата со само 3 победи и дури 11 порази. Зад Пролет на табелата беше само Струга.

Тагови
реклама

Експертите ги избраа најдобрите половни автомобили

Read more

Голем неделен хороскоп од 24 до 30 јуни

Read more

Еден јасен симптом сигнализира дека е време да се проверат бубрезите

Read more

Хороскопски знаци на кои ќе им се смени среќата со парите во јули

Read more

Ракомет

Пролет се засили со Стојчевиќ, нов договор за Василевски

Read more

Пелистер е меѓу 12-те клубови кои побарале вајлд карта за Лигата на шампиони

Read more

Пролет остана без искусниот бек: Пецаковски ја заврши кариерата

Read more

Швајцарија ја доби вајл-картата за ракометниот Мундијал 2025

Read more
 

Спорт

Дали 16-годишниот Јамал ќе смее да игра по 21 часот?

Читај повеќе

Џорџ и Томпсон си одат од ЛА Клиперс и Голден стејт

Читај повеќе

Коефициентот за нерешено вртоглаво паѓа, сомнеж во регуларноста на натпреварите на ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Заслужен црвен картон: Брутален старт на Копа Америка

Читај повеќе

Копа Америка: Мексико славеше, го видовме и првото големо изненадување

Читај повеќе

Навивач на ЕУРО платил 60 евра за да гледа во столб

Читај повеќе
  • filter

Дали ќе чекаме упадите на навивачи на терен да станат опасни?

Читај повеќе

Клубот на Даку најави казна по пцовките кон Македонците на ЕУРО

Читај повеќе

Фудбалерите на Данска ги одбија покачувањата за да земаат иста плата со фудбалерките

Читај повеќе