Ракометарите на Вардар преку Висла во четвртфиналето на Веспрем

Ракометарите на македонскиот првак Вардар по драматичната завршница и минимално извојуваната победа над Висла 25-24 успеаја да се пласираат, трета година по ред, во четврфиналето од Лигата на шампионите и за во турнирот на четирите ракометни великани кои ќе се борат со унгарски Веспрем.

Како што предупредуваше пред реваншот стратегот на „црвено-црните“, Раул Гонзалез, нерешениот исход (30-30) од гостинскиот натпревар на му ја гарантираше вкупната победа на Вардар до последните моменти од мечот во Скопје. Се покажаа како точни забелешките дека Висла оваа сезона игра подобро на гостински терен, и на крајот пресудни беа 16-те одбрани на Арпад Штербик.

Иако Вардар тргна решително и во првите петнаесетина минути оствари предност од 8-3, многу брзо Висла Плоцк се врати во игра , па до крајот на полувремето успеа да оствари предност од 13-15. Второто полувреме продолжи во стилот од вториот дел од првото, па полската екипа го одржуваше водството од два до три гола предност некаде до 40-та минута, кога Вардар повторно поведе со 20-19. Следеше водството од 21-20, но и повторен пресврт на Висла кој се одлепи на 21-23, а во последните десет минути и двете екипи влегоа нервозно со многу грешки а притоа вардарци ја имаа предноста во Штербик и успеаја да стигнат до конечните 25-24.

Најефикасен кај Вардар беше Алем Тоскиќ со осум гола, а кај Висла Плоцк Димитри Житников со седум голови.

По натпреварот, Раул Гонзалес ја истакна борбеност на вардаровите играчи.

„Сакам да им честитам на Висла и на тренерот Каденас, затоа што играа многу добро денеска. За нашата екипа ова беше тежок меч, а тоа го зборував уште минатата недела. Знаевме дека се многу добра екипа со играчи и тренер. Висла до крајот на полувремето беше секогаш со еден гол предност пред нас. На полувремето зборувавме дека мора да победиме, и го победивме притисокот. Мора да истакнам дека сум горд на моите играчи. Ако играте против Веспрем, Кил или Барселона, можете само да победите и да не изгубите ништо, затоа што тие се подобри од вас. Но ова беше сосема различна, ова беа најтешките моменти за нас. Сега играме трето четвртфинале, прво со Фленсбург, потоа со Кјелце и сега со Веспрем. Ќе се подготвуваме интензивно, но сега ни претстои ФФ во СЕХА лигата“, рече вардовиот тренер на прес-конференцијата.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Ракомет

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Read more

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Read more

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Read more

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе