Рецепт на денот: Највкусни буковки во сос

Совршено посно јадење чија тајна е во сосот. Буковките имаат благ вкус, па можете да ги комбинирате со најразлични намирници.

Печурките може да се подготват на милион начини. Кај нас воглавно луѓето консумираат шампињони, а веднаш по нив најпродавани се буковките. Токму овие вторите се еднакво вкусни, а исто така и едноставно се подготвуваат. Можете да ги похувате, да правите ориз со нив, но можете и да ги пропржите и така да направите превкусен ручек. Пржените буковки во сос се одличен предлог и кога постите.

Потребни состојки:

  • 400 гр буковки
  • 4 чешниња лук
  • 20 гр свеж ѓумбир
  • бибер
  • 2 листа целер
  • вода
  • масло

За сосот:

  • 1 лажица темен соја сос
  • 1 лажица сос од остриги
  • 1 лажица темен сладок соја сос
  • 1-2 лажици вода
  • ½ лажичка пченкарен скроб
  • мелена пипер

Подготовка:

Во тава загрејте малку масло, па додадете толчен лук и рендан ѓумбир. По една минута додадете ги буковките исечкани по желба. Пропрскајте со малку вода, поклопете и динстајте 2 минути. Потоа додадете соја сос, сос од остриги, сладок соја сос и добро промешејте. По минута-две додадете и вода, како и скроб. Повторно добро промешајте, па оставете да се крчка уште 2-3 минути. Украсете со сечкани листови целер, мелена пипер и бибер. Можете да послужите комбинирајќи со ориз.

Remote video URL
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Рецепти

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Read more

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Read more

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Read more

Пикантни свински медалјони готови за 20 минути

Read more
 

Магазин

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе