Рецепт за вкусни пролетни ролнички на корејски начин

Направете необични пролетни ролнички. Наполнете ги со пилешко и зеленчук во слатко-кисел сос, а потоа намотајте ги во трик состојка.

Дали знаете дека листовите од цвекло може да ги искористите во кујната? Повеќе не морате да ги фрлате, од нив можете да направите разни работи, како на пример салати, ролнички, фил за пита, азиски кнедли... Примената на овие листови во кулинарството е широка, а наш денешен предлог се пролетни ролнички. Наполнете ги со бело месо, морков и краставици во слатко-кисел сос. Исто така, можете да додадете пиперка или некој друг зеленчук по ваша желба.

Потребни состојки:

  • 1 морков
  • 1 лажица соја сос
  • ½ лажица оцет
  • ½ лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 чешне лук
  • прстофат мелен коријандер
  • 1 пилешко филе
  • 1 краставица

Подготовка:

Исечкајте го морковот на тенки ленти, па ставете го во тавче за пржење. Сипајте соја сос, оцет, шеќер, толчен лук и коријандер. Промешајте, па пропржете на малку масло. Извадете го морковот и во истото тавче пропржете го белото месо исечкано на тенки ленти. Листовите цвекло исчистете ги, па кратко бланширајте ги во зовриена вода. На секој лист ставете месо, морков и краставица исечкана на тенки ленти. Ролајте и послужете.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Рецепти

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Read more

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Read more

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе