Ристовски: Конечно играме со публика, нацијата заслужи да нѐ гледа

Филип Здравески
/ 31.05.2021 / 14:58

Латералниот бек на македонската фудбалска репрезентација е пресреќен што конечно публиката се враќа на стадионите и утре Македонија ќе игра фудбал со гледачи на трибините.

Македонската репрезентација утре од 18 часот на Националната Арена „Тоше Проески“ во Скопје го игра првиот од двата пријателски натпревари пред дебитансткиот настап на ЕУРО 2020. Противник е стариот познаник Словенија, но она што е важно е што Владата дозволи да има 30% публика на трибините.

„Одамна не сме го виделе стадионот со публика. Ете, се надевам и дека Федерацијата ќе пушти уште некоја карта повеќе за да биде тоа една преубава вечер затоа што и македонската нација заслужи да нѐ гледа после толку долга пауза“, рече Стефан Ристовски на денешната прес-конференција.

Македонија последен пат на домашен терен играше фудбал со публика на 19 ноември 2019 година кога со 1:0 го совладавме Израел во последното коло од регуларните квалификации за ЕУРО 2020. Тогаш имаше точно 5.573 гледачи на трибините.

„Се подготвуваме одлично, атмосферата во репрезентацијата е на едно високо ниво, очекуваме утре наша добра игра и победа. Македонија на секој натпревар игра на победа. Фудбалот затоа и е толку посебен. Изгубивме од Австрија, а успеавме да ја победиме Германија на гостински терен. Кој и да излезе утре на терен, што се однесува до составот, значи дека е во првиот тим. На селекторот е да одлучи. Кој и да настапи ќе даде максимум и ќе одигра пожртвувано и борбено за националниот дрес“, додаде десниот латерален бек.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе