УЕФА ЕУРО 2020

Ројс одби да игра на ЕУРО и ја шокираше Германија

Додека некои душа даваат за повик во својата репрезентација, Марко Ројс го направи спротивното - го одби повикот да настапи на Европското првенство.

Селекторот Јоахим Лев сметаше на услугите на искусниот 31-годишен офанзивец кој одигра одлична сезона во Борусија од Дортмунд. Но, играчот го одби неговиот повик велејќи дека му треба одмор.

„Одлуката беше многу тешка бидејќи секогаш сум бил горд кога сум го носел репрезентативниот дрес. Но, ова беше напорна година за мене, одиграв 48 натпревари и потребен ми е одмор за да бидам подготвен за наредната сезона. Ќе бидам голем навивач на Германија“, рече Ројс.

Тој навистина изминатава сезона одигра 48 натпревари на клупски план и тоа во четири различни натпреварувања. Има скор од 10 гола и 14 асистенции, а освои и еден трофеј, оној во ДФБ Покал (германскиот куп).

Ројс е германски репрезентативец од 2011 година од кога одигра 44 натпревари и постигна 13 голови. Нема настап за Германија од 2019 година кога селекторот одлучи повеќе да не ги повикува него, Томас Милер и Жером Боатенг.

Германија на ЕУРО е во последната група Г заедно со Франција, Португалија и Унгарија.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе