Оскаровецот Шон Пен пред пристигна во Киев каде планира да снима филм за руската инвазија на Украина, потврдија од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Актерот се појави на прес-конференција во Киев, каде владини официјални претставници зборуваа детално за кризата која веќе ескалира. Како што јавуваат медиумите, режисерот во Киев дошол да сними што се случува во Украина и на светот да му ја соопшти вистината за инвазијата на Русија.
„Шон Пен е меѓу оние кои денес ја поддржуваат Украина во Украина. Нашата земја му е благодарна за храброста и почитта. Тој покажа храброст која им недостига на многу други, особено на некои западни политичари. Колку повеќе има такви луѓе како него, вистински пријатели на Украина, кои ја поддржуваат борбата за слобода, побрзо ќе ја запреме оваа инвазија“, се наведува во соопштението.
Пен во текот на годините беше во центарот на многу антивоени и хуманитарни операции. Како што е потврдено од продукциската куќа Vice Studios, Пен планира да сними документарец за настаните во Украина, па затоа и веднаш заминал на терен. Последен пат бил во оваа земја во ноември, 2021 година кога ја посетил војската.