Што да очекуваме од денешната презентација на новите уреди на Apple?

Apple денеска ќе ја претстави новата линија на iPhone телефони, Watch Series 8 и други производи на настан што го очекуваат Волстрит и голем број купувачи.

Настанот за лансирање наречен Far Out ќе започне во 19 часот, а ќе се одржи во Steve Jobs Theatre во седиштето на Apple во Купертино, Калифорнија.

Врз основа на извештајот, еве што да очекувате:

iPhone 14

Apple вообичаено на овој септемвриски настан лансира нов модел на iPhone, а судејќи според досегашните најави, мини верзијата на моделот ќе биде укината годинава.

Новиот уред се очекува да има ажурирана камера, поголем простор за складирање и подобар дизајн, како и поефикасно поврзување со сателитската мрежа.

Цените што ги нудат за нивниот водечки производ ќе бидат внимателно следени со оглед на високата инфлација што ја поттикнува побарувачката за сите, па дури и за најпрестижните телефони. Се верува дека би можеле да ја зголемат цената и на нивниот pro модел.

Кога станува збор за поврзување на сателитската мрежа, новиот iPhone 14 веројатно ќе им овозможи на корисниците да испраќаат итни текстуални пораки дури и во ситуации кога нема мрежа.

Apple Watch

Новиот Watch Series 8 се очекува да има поголем екран и повеќе карактеристики, вклучувајќи сензор што ја мери температурата на телото.

Можно е компанијата да лансира и pro верзија на овој модел на часовник.

AirPods pro 2

Новиот модел најверојатно ќе има подобрен квалитет на звукот и повеќе сензори. Неговата обвивка се очекува да биде отпорна на вода и пот.

Се претпоставува дека новиот модел ќе доаѓа со поддршка за безжично полнење, но и дека куќиштето би можело да има приклучок Type C.

Покрај овие производи, многумина очекуваа Apple да лансира и слушалки за виртуелна реалност, но се чини дека поради тешкотиите во синџирот на снабдување, за овој производ ќе мора да почекаме барем до следната година.

Remote video URL
Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе