Apple во текот на 2021 година претстави голем број нови производи, а ќе претстават уште повеќе во текот на оваа година.
Минатата година имавме можност да го видиме iPad Pro со М1 чип, новиот iPad mini, новата MacBook Pro линија, iPhone 13 серијата и уште други производи.
Во текот на 2022 година ќе ги претстават новите Mac Pro лаптопи, редизајнираниот MacBook Air, VR кацига, новата iPhone серија и уште многу други уреди.
Apple работи на новите Mac Pro модели кои ќе користат M1 Pro и М1 Маx чипови.
Аналитичарите велат дека ќе претстават и нов екстерен монитор кој ќе биде поевтин во однос на актуелниот Pro Display XDR.
На крајот, ќе ја претстават својата прва кацига за виртуелна реалност која го носи кодното име N301. Кацигата би требало да поддржува и некои AR функции и ќе користи rOS, кодното име на Oak.