Сон го отслужи воениот рок со почести

Јужнорејската ѕвезда од редовите на Тотенхем конечно ја исполни обврската кон татковината и тоа како еден од петторицата најдобри во својот воен клас.

Сон Хјон-мин само три недели служеше воен рок поради олеснителните околности за луѓе кои ја прославиле својата држава. Не поради тоа што тој е еден од најдобрите светски фудбалери, туку бидејќи беше дел од фудбалската репрезентација која триумфираше на Азиските игри во 2018 година освојувајќи златен медал. Поради тоа го избегна правиот воен рок кој всушност трае 21 месец!

Сон воениот рок го служеше на островот Џеџу. Постигнал одлични резултати во пукање откако од 10 обиди сите куршуми завршиле во целта, додека остварил и перфектен скор од максимални 100 поени на психолошкиот тест. Од вкупно 157 војници, Сон на крајот завршил како еден од најдобрите 5, за што и доби признание. Церемонијата беше затворена за јавноста како превенција од ширењето на коронавирусот. И покрај тоа, десецити фанови дојдоа и се обидуваа да ѕирнат во церемонијата надвор од објектот.

Сепак, за целосно комплетирање на службата ќе треба до 2023 да изврши општонародна работа која допрва ќе му биде определена. Сон одлучи дека додека трае пандемијата е најдобро времето да го искористи за да го отслужи задолжителниот воен рок.

Наредната недела ќе се врати во Лондон, но пред да му се стави на располагање на Тотенхем ќе мора да го мине задолжителниот карантин од две недели.

URL

Бидејќи од 1950 година Јужна Кореја е официјално во војна со Северна Кореја, воениот рок е задолжителен за сите. Во 1953 двете страни го запреа војувањето, меѓутоа мировен договор никогаш не беше потпишан, па воената состојба останува до ден денес.

Токму поради Северна Кореја и Сон мораше да служи војска и само избувнување на војна помеѓу двата соседа може на го натера Сон да ја остави топката и повторно да земе оружје в рака.

реклама

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе