SpaceX го претстави вселенскиот брод за Марс

За прв пат во човечката историја една приватна компанија го претстави концептот за вселенски брод. Станува збор за компанијата SpaceX и нејзиниот основач Елон Маск. Проектот до неодамна беше познат како „Mars Colonial Transporter“ и се состои од систем на лансирање и погон на вселенски брод што треба да ги однесе луѓето на Марс за помалку од 10 години.

На конференцијата во Мексико Елон Маск го објави концептот за ITS, кој ги комбинира најмоќната ракета во светот и вселенски брод дизајниран да понесе најмалку 100 луѓе на Црвената планета.

Вселенскиот брод е само дел од поголемиот систем и е наречен ITS (Interplanetary Transport System). Бродот би требало да биде способен да отиде на Марс и да се врати на Земјата.

Ракетата Raptor, што SpaceX претходно успешно ја тестираше за првпат, е трипати помоќна од останатите. Токму тоа прави ITS да биде силна машина способна да пренесе товар од 300 тони. Вселенскиот брод ќе има девет Raptor мотори.

Во неговата внатрешност Маск откри дека ќе има кино сала, ресторан, соби за состаноци и слично, што ќе им даде малку поинакво искуство на астронаутите.

Пред да испрати луѓе на Марс, Space X планира да испрати најмалку 4 мисии без екипаж. Ако сè оди по планот, ITS без луѓе ќе полета во 2022 година, додека со екипаж се планира да полета во 2024 година. Вселенските бродови ќе се лансираат во формации, поради ротацијата на Земјата и Марс може да се испрати брод еднаш во 24 месеци. Во еден брод ќе патуваат 100 до 200 луѓе, а за воспоставување колонија од милион жители би биле потребни 40 до 100 години.

Патувањето би траело 115 дена, а ќе зависи од товарот, бројот на патници и позицијата на Марс во однос на Земјата. Кога станува збор за цената Маск откри дека билетот за Црвената планета би изнесувала 200.000 долари, но преселбата на крајот би можела да чини 100.000 долари.

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=0qo78R_yYFA]
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Наука

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Read more

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Read more

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе