Интервју за Rolling Stone

Тајсон Фјури: Земав многу кокаин

Тајсон Фјури вели дека земал кокаин во „многу, многу прилики“ во последните шест месеци и додава дека не знае како ќе го доживее крајот на годината.

Во мрачното интервју со Rolling Stone, 28-годишниот боксер ги потврдува неодамнешните шпекулации за тоа дека користел дрога, и зборува за депресијата која го одалечува од рингот.

Фјури нема ниту една борба по дуелот со Владимир Кличко минатиот ноември, а реваншот два пати беше одложен на барање на Фјури. Причината за првото одложување беше повреда, а борбата која требаше да се одржи на 29 октомври ја одложија бидејќи бил „медицински неподготвен“ за дуел.

Боксерот во понедленикот на својот Twitter профил објави дека се повлекува, а по само три часа се премисли и рече дека не се откажува така лесно.

Многумина вистински стравуваат за неговото здравје поради депресијата што ја спомнува.

Претставниците на неговиот тим, засега немаат коментар за шпекулациите со кокаинот, но боксерот во интервјуто за Rolling Stone самиот признава.

„Знаете, сум правел многу работи во животот. Сум конзумирал многу кокаин. Вистински многу“ - вели Фјури.

„Зошто да не земам кокаин. Ова е мој живот, така. Можам да правам што сакам. И да, сум земал кокаин, но и многу други луѓе редовно земаат кокаин“ - изјавил боксерот.

Фјури вели дека причината за откажувањето на натпреварот е тоа што не вежбал со месеци, ниту пак влегол во теретана, бидејќи има проблеми со депресијата.

„Поминувам низ тешка депресија. Едноставно не сакам да живеам повеќе, ако разбирате што сакам да кажам. Без разлика на кокаинот, едноставно не ми е грижа за ништо. Кокаинот е само една мала работа споредено со тоа што не ми се живее повеќе“ - вели тој во интервјуто.

Сепак, Фјури вели дека е чист од почетокот на месецот и верува дека сите бараат да направи некаква грешка откако го совлада Кличко и му ги одзеде титулите.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Останати спортови

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Read more

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Read more

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Read more

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more
 

Спорт

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе