Таму се родил Ѕевс: 8 интересни факти за Крит

Крит е остров со неверојатна убавина чија историја е испреплетена со бројни легенди, место кое води кон размислување за тоа каде завршуваат митовите и каде започнува реалноста.

Сместен во југоисточниот дел на Средоземното Море, Крит е најголемиот и можеби најпознатиот остров во Грција. Токму географската положба со блага клима создала идеални услови за појава на една од најстарите цивилизации која ќе остави длабока трага на цела Европа и медитеранскиот свет во наредните векови. Старото име во антиката му било Крете, додека денес се вика Κρήτη (Крити).

Ова се некои од најинтересните факти за овој остров:

1. Местото каде што е роден и израснат Ѕевс

Ѕевс, најголемиот од сите бесмртни богови на грчкиот пантеон, е роден на Крит. Постојат две легенди кои наведуваат две различни пештери како место на неговото раѓање. Едната вели дека е пештерата Психро на Ласита, а другата е пештерата Идеон на планината Псилоритис.

Постојат различни верзии на митот, но секоја вели дека мајката на Ѕевс, Реја се породила во најстрога тајност, бидејќи Крон - неговиот татко, ги јадел неговите деца за да не го лишат од тронот.

За да го надмудри Крон, Реја ги послушала советите на нејзините родители Уран и Гаја. Кога по породувањето морала да го однесе детето кај Крон за овој да го види, таа завиткала камен во пелена. Штом го видел завитканото, Крон го грабнал и голтнал. Ѕевс продолжил да расте на Крит, чекајќи време да му се одмазди на својот татко.

Забелешка: Зошто Ѕевс, а не Зевс?

Кај нас веројатно повеќе познат е како Зевс, меѓутоа правилната форма е всушност Ѕевс. Едни од нашите најпознати преведувачи од старогрчки, Душан Боцески и Валериј Софрониевски, во своите бројни преводи го користат името Ѕевс, а не Зевс. Оттаму и ние во Кајгана сметаме дека таа верзија е правилна. Всушност, иако самите денешни Грци го викаат Зевс, во антиката го викале Ѕевс.

2. Најголем грчки остров

Крит е најголемиот грчки остров и најголемиот во Средоземното Море. Се наоѓа на крајниот југ на Грција. На север се наоѓа Егејското Море, додека јужно од Крит е Либиското Море.

Издолжениот остров е долг 260 km, а неговата ширина се движи од 60 km во најшироката точка до 11 km во неговата најтесна точка. Неговата вкупна површина е над 8.300 km². По должината на брегот има бројни плажи и заливи, додека во внатрешноста има различни пејсажи на зелени долини, ридски планини и кањони.

3. Легендата за лавиринтот

Една од најпознатите легенди во грчката митологија се одвива на Крит, во палатата на кралот Миној.

Кога Афродита решила да му се одмазди на Хелиум затоа што ја открил нејзината прељуба, таа во срцето на неговата ќерка Пасафија, сопругата на кралот Миној, разгорела неприродна љубов кон еден бик.

Кога од оваа љубов се родил Минотаурот, Миној од срам не знаел што да прави, па, како што го советувале пророштвата, издал наредба да се изгради лавиринт. Најпознатиот грчки архитект Дедал ја презел работата за изградба на бројни сали и коридори од кои немало излез и во кои подоцна бил сместен Минотаурот.

4. Наследството на Крит

Некои истражувачи веруваат дека потеклото на модерната цивилизација може да се следи на Крит. Археолошките ископувања потврдија траги од милениумска култура - минојската цивилизација - која, според истражувачите, е култура од бронзеното време која го проширила своето влијание од околните егејски острови од 3.500 година п.н.е. до раниот хеленски мрачен век, околу 1.100 година п.н.е.

Зад себе оставила бројни големи градежни комплекси, софистицирана уметност и системи за пишување, како и економска мрежа која го опфаќала поголемиот дел од медитеранскиот свет.

Најголемата позната минојска палата е онаа во Кносос, а нејзината функција, како и повеќето аспекти на минојското владеење и религија, до ден-денес остануваат нејасни за истражувачите. Преку трговците и уметниците, културното влијание на оваа цивилизација достигна надвор од Крит сè до Кикладите, Египет, Кипар, Ханаан и Анадолија.

5. Маслинки од Крит

Познато е дека уште старите Хелени одгледувале маслинки на Крит, па затоа не е чудно што најстарата маслинка во светот се наоѓа на Крит, во селото Вувес. Ова заштитено природно богатство денес е старо над 3.000 години и, според експертите, припаѓа на локалната сорта маслинки.

Според мештаните, оваа маслинка и понатаму секоја година дава маслинки, од кои се прави најдоброто маслиново масло во светот. За Грците, ова дрво е симбол на бесмртност и обнова.

6. Кристално чисто море

Водите кои ги заплискуваат бреговите на овој остров се толку чисти што дури и на длабочина од 40 метри лесно може да се види морското дно. Поради ова, Крит има најмногу плажи со сино знаме во споредба со остатокот од Грција.

Познавачите на најдобрите плажи тврдат дека Балос во Ханија е една од најегзотичните плажи, со кристално чиста вода. Оваа плажа ги воодушевува посетителите со својата природна убавина, а според мештаните, зад неа не заостануваат ниту Елафониси ниту Фаласарна.

7. Плажи со розов песок

Нема многу места во светот кои можат да се пофалат со плажи со розов песок, но на Крит има дури две такви - веќе споменатите - Балос и Елафониси.

Песокот добива боја од микроскопските животни на формафенерите, кај кои кога ќе умрат или ќе ги изедат други животни, нивната лушпа се калцифицира, што ја измива бојата и на тој начин го бојадисува песокот на плажата во разни розови тонови.

8. Последна европска колонија на пациенти со лепра

Друг малку познат факт за Крит е дека тој бил дом на една од последните познати колонии на заразени пациенти со лепра во Европа. Веднаш до брегот на североисточната страна на островот се наоѓа соседниот остров наречен Спиналонга. Грчките власти го користеле малиот остров како колонија на т.н. лепрозни за лекување од 1903 до 1957 година.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе