Во четирите децении колку што се познати СИДА и ХИВ, медицината значително напредуваше, но и покрај ова, има многу незнаење и неизвесност.
Светскиот ден за борба против СИДА-та, 1 декември, е можност да се преиспитаат митовите за болеста.
Сè уште е распространето мислењето дека личноста која е заразена со ХИВ може да се препознае по изгледот бидејќи, на пример, е исклучително слаба. На социјалните мрежи слабите луѓе често се соочуваат со прашањето дали се заразени, а луѓето кои се навистина заразени често го слушаат коментарот дека навистина не изгледаат така.
ФАКТ: Ова е погрешно.
Холгер Вихт, портпарол на германската помош за СИДА, вели: „ХИВ е невидлив. Кога човек ќе се зарази, во телото со години се случува нешто што воопшто не е видливо однадвор“. Само во првата недела по инфекцијата, симптомите слични на грип може или не може да се појават. Потоа и тие исчезнуваат.
Вихт вели дека тешко болните пациенти не треба да се поистоветуваат со луѓе кои го носат вирусот. „СИДА-та е сериозна болест, која се појавува доколку не се лекува инфекцијата. Тоа се две сосема различни работи. СИДА-та е последната фаза, ХИВ е инфекција, а инфекцијата е невидлива“.
И Програмата на Обединетите нации за СИДА (UNAIDS) нагласува: „Лице заразено со ХИВ може да изгледа здраво и да се чувствува добро, а сепак да го пренесе вирусот“. Само тестирањето дава сигурност, пишува Дојче веле.
Така мислат мнозинството луѓе.
ФАКТ: Погрешно.
Светската здравствена организација (СЗО) објаснува: „Луѓето заразени со ХИВ кои се на антиретровирусна терапија и чиј вирус повеќе не може да се измери, не пренесуваат ХИВ на сексуални партнери“. Лековите го спречуваат размножувањето на вирусот во организмот, а нивниот број се намалува до тој степен што обичните тестови не го регистрираат и тогаш сексуалниот партнер не може да се зарази.
„Оваа состојба на сузбивање на вирусот може да се промени ако некое лице повеќе нема пристап до лекови или ако не ги зема како што е пропишано“, предупредуваат експертите од Светската здравствена организација. УНАИДС наведува дека 39 милиони луѓе ширум светот живеат со вирусот.
71 отсто од нив постигнале намалување на бројот на вируси под мерливиот лимит со антиретровирусна терапија, или вирусот е мерлив на толку ниско ниво што медицинските експерти на ОН сметаат дека ризикот од инфекција при незаштитен сексуален однос е „речиси нула или занемарлив .
ФАКТ: Погрешно.
Начинот на кој се шири вирусот е добро проучен. Човечките контакти во секојдневниот живот не доведуваат до инфекција.
„Главниот пат на инфекција е сексуален пренос, или со други зборови, сексуален контакт“, вели Адријан Пурен, директор на Националниот институт за заразни болести (NICD) во Јужна Африка. Според УНАИДС, оваа земја е тешко погодена од оваа болест, секој петти или шести човек на возраст од 15 до 49 години е заразен. Инаку, преносот на вирусот е возможен и во ситуации кога некој е изложен на продукти со траги од крв, како на пример искористена игла во болница или кога конзумира лекови. Теоретски, тоа е можно и со трансфузија на крв.
Сепак, крводарителите обично добро се проверуваат пред нивната крв да биде одобрена за употреба. Светската здравствена организација вели дека во земјите со високи приходи скрининг се прави во 99,8 отсто од случаите, додека во земјите со пониски приходи скринингот е на ниво од 76 отсто.
Пурен вели дека третиот начин на инфекција е пренесување на вирусот од мајка на дете за време на бременост, породување или доење. Но, дури и во овие случаи, лековите можат драстично да го намалат ризикот од пренесување на вирусот. Според податоците на здравствената установа CDC од Соединетите Американски Држави, ризикот од пренесување на вирусот од мајка на дете може да се намали на помалку од еден процент со лекови. Вирусот се пренесува само преку одредени телесни течности. Тоа се крв, сперма, вагинален и ректален секрет, како и мајчино млеко.
„ХИВ не може долго да преживее надвор од човечкото тело (на пример на некој предмет) и не може да се репродуцира надвор од човечкото тело“, пишува CDC.
Светската здравствена организација наведува дека не може да се зарази преку секојдневен контакт, ракување, бакнежи или кога делите храна или вода со некого. CDC посочува дека единствен исклучок е кога заразено лице ја џвака храната што ја храни новороденчето и крвта влегува во храната поради крварење во устата.
Плунката, солзите и потта не се извор на инфекција. ХИВ не се пренесува преку воздух или со користење на истиот тоалет.