Volkswagen подготвува електричен пикап

Американските раководители на Volkswagen сè уште сакаат пикап за американскиот пазар и не се задоволни од фактот што тој сегмент ќе остане (барем засега) без претставник на VW.

Претседателот и извршен директор на Volkswagen Group of America, Пабло Ди Си, за медиумите изјави дека производителот ќе го преиспита сегментот пикап за Америка, пренесува Autoblog.

Временската рамка за пристигнување на вакво возило кај дилерите е нејасна, но извршниот директор рече дека сегашниот план е предлогот да се донесе до управниот одбор во Германија во третиот квартал на 2023 година.

Ако камионот биде одобрен, тој ќе биде развиен во Америка за Америка. Ди Си истакна дека автомобилите произведени во Америка за Америка се поуспешни како што покажа кросоверот Atlas, кој е дизајниран и развиен во Америка и произведен во Чатануга, Тенеси.

Потенцијалниот пикап на Volkswagen би ги користел сегашните платформи во портфолиото на компанијата и би бил електрифициран (веројатно на платформата Atlas).

Главниот директор за продажба и маркетинг на Volkswagen во Северна Америка, Ендрју Савас, вели дека следната генерација на Atlas исто така може да биде електрифицирана.

Ди Си истакна дека може да има хибриден или plug-in хибриден погон.

Секој иден plug-in хибриден пикап камион или Atlas не само што ќе треба да се произведува во Америка, туку и минералите и ќелиите на батериите ќе треба да се набават дома за да се квалификуваат за стимулации од Законот за намалување на инфлацијата.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Авто новости

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе