За гурмани: Докопани во сос од сланина, јаболка и павлака

Пилешките докопани во сос се прават со малку ракија која испарува, а рецептот е изворно француски.

Докопаните не мора да се прават на вообичаен начин, направете ги во убав сос од сланина, јаболка и павлака. Во садот се додаваат сенф и целер.

Потребни состојки:
  • 2 пилешки докопани
  • 1 лажичка масло
  • ½ лажичка сол
  • 60 гр целер
  • 100 гр кромид
  • 1 зелено јаболко
  • 35 гр путер
  • 100 гр сланина
  • 2 лажици сенф
  • 50 мл ракија
  • 330 мл сок од јаболко
  • 175 мл пилешки булјон
  • 10 гр рузмарин
  • 100 гр кисела павлака
Подготовка:

Целерот исечкајте го на ситни коцки. Исечете го кромидот на половина, излупете го, па исечете го на полумесечини. Исечете го зеленото јаболко и излупете го, па исечете го на коцки. Загрејте ја тавата на средна температура и кога ќе се загрее додадете го маслото за јадење.

Посолете ги доикопаните и пржете ги на масло од сите страни додека не поруменат. Кога ќе поруменат, тргнете ги на страна и вратете ја тавата на средна температура. Додадете го путерот во тавата и кога ќе почне да пени додадете ги кромидот, целерот и сланината и пржете ги 5 минути со редовно мешање. Додадете ги јаболката и прелијте ја ракијата и намалете ја температурата на половина. Истурете го сокот од јаболко и пилешката супа, а потоа измешајте го сенфот.

Во тавче ставете ги докопаните и сите сокови, па ставете во рерна 17-20 минути и печете на 180°C. Извадете од рерна и ставете ги докопаните на чинија. Вратете ја тавата на силен оган и динстајте го сосот додека не се намали за половина. Рузмаринот грубо исечкајте го и измешајте го со павлаката, додадете го во преостанатиот сос, па вратете го пилешкото во тавата и динстајте на ниска температура минута-две.

реклама

Рецепти

5 летни салати  - идеален избор за во жешки денови

Read more

Рецепт на денот: Пилешко „а ла Тоскана“

Read more

За гурмани: Докопани во сос од сланина, јаболка и павлака

Read more

Сарма ќофтиња за мрзливи во кујна

Read more
 

Магазин

Германците направија математика: Хрватска е поскапа од Грција и Шпанија

Читај повеќе
  • play_arrow

5 летни салати  - идеален избор за во жешки денови

Читај повеќе

Колку ќе платите за кафе, храна и сладолед на одмор во Грција?

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Кои се најпопуларните имиња во светот?

Читај повеќе

Марс влезе во Бик: Промена на работа, продавање недвижнини

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најчудната мачка во светот: Личи на врколак и е многу интелигентна

Читај повеќе

3 симптоми на висок холестерол кои можат да се забележат на телото без тестирање

Читај повеќе

4 знаци на рак на дебелото црево на кои треба да внимавате

Читај повеќе