Зачинет свински гулаш со компири и грав

Зачинетиот свински гулаш со компири и грав е вистински гурмански оброк, ароматичен, сочен и совршен за макање со леб.

Ова јадење се приготвува релативно брзо, а добивате вистинска гозба. Свинското месо се зачинува на медитерански начин, додека гравот и компирот го надополнуваат вкусот.

Потребни состојки:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 поголем кромид
  • 2 лажички мелен ким
  • 1½ лажичка суво оригано
  • 700 гр свинска плешка
  • 1 лажичка мед
  • 1 лажичка мелен цимет
  • 2 чешниња лук
  • 1 црвена лута пиперка
  • 400 гр домати
  • 500 мл пилешки или зеленчуков булјон
  • 600 гр компири
  • 1 ловоров лист
  • сол
  • 400 гр грав
  • голем грст свеж коријандер
  • јогурт за сервирање (опционално)

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 150°C. Загрејте 1 лажица масло во голема огноотпорна тава. Додадете го сечканиот кромидот и пржете, повремено мешајќи, 3-5 минути додека не омекне. Измешајте 1 лажичка ким и целото оригано, а потоа динстајте 2-3 минути додека не замириса. Извадете од тавата и оставете на страна.

Додадете го свинското месо исечкано на коцки и преостанатото масло и гответе, повремено мешајќи, 5-7 минути додека не порумени. Измешајте ги медот, преостанатиот ким, циметот, ситно сечканиот лук и исечканата црвена лута пиперка. Зачинете со сол и добро измешајте. Вратете го кромидот во тавата и додадете ги сечканите доматите, булјонот, компирите исечкани на коцки и листовите ловор. Оставете да зоврие, па покријте и ставете во загреана рерна. Печете 40 минути.

Извадете го јадењето од рерна и додадете го гравот, измиен и исцеден, па измешајте. Покријте и вратете во рерна уште 20 минути. Посипете со сечкани листови коријандер и послужете со јогурт по избор и крцкав леб.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Рецепти

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Read more

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Read more

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе