Дали некогаш сте забележале дека градовите ширум Стариот континент немаат многу високи згради? Сте се запрашале зошто е тоа така?
Париз, Рим, Атина... европски метрополи кои привлекуваат милиони туристи. Градови на голема површина со милиони жители. Но, нешто фали.
За разлика од градовите низ Америка и Азија, каде градбите одат и над облаците, во Европа такви облакодери едноставно не постојат. Европејците се чини не ја сакаат височината и милуваат да живеат на ниско.
Можеби тоа што добар дел од Европа се наоѓа во сеизмички активна зона е една од причините. Но, и Јапонија се наоѓа во уште поризична зона, па има куп облакодери. Воедно, не цела Европа е под закана од земјотреси. На пример Берлин и Варшава не паметат кога почувствувале земјотрес.
Па тогаш што навистина ги спречува Европејците да градат високи облакодери? Има неколку причини. На пример, почвата врз која лежи Берлин е мека и не би издржала високи згради. Потоа, европските градови се стари и изобилуваат со знаменитости, па градењето облакодери би ги засенило таквите историски градби.