Зошто исчезна грипот?

Пред два дена, Министерството за здравство соопшти дека во сезоната 2020/2021 година вкупниот број заболени од сезонски грип изнесува 539, што е за 92,5 отсто помалку споредено со истиот период лани и 94,5 отсто помалку во однос на типичната сезонска крива. Па, се поставува прашањето каде исчезна грипот?

Ситуацијата е слична и во Србија и во Хрватска, сите го очекувавме грипот и предупредувавме за негово вкрстување со коронавирусот, но во последните месеци е забележано историско ниво на ниска циркулација на грипот.

Луѓето низ светот ги интересира за што станува збор, а се шпекулира дека тоа е така затоа што грипот е помалку пренослив и поради превентивните мерки кои се на сила, но и наводно затоа што тестовите не се доволно ефикасни за да разликуваат грип од SARS-CoV-2 бидејќи припаѓаат на исто „семејство“ на коронавируси.

Вирологот д-р Ана Глигиќ, која е во пензија, за b92 вели дека за исчезнувањето на грипот постојат барем две добри причини. Првата го потврдува општоприфатеното верување дека мерките преземени во пандемијата како носење маски и физичка дистанца влијаат на тоа и нè штитат од грипот. Втората причина им е помалку позната на лаиците.
„Постои интерференција во вирологијата, а тоа е кога еден вирус му оневозможува на друг да го пронајде своето место да продре во човечкиот организам и да го прави тоа што вообичаено го прави. Не го исклучувам ни тоа дека лабораториите се преокупирани со коронавирусот и не работат ништо друго, особено затоа што почнуваат со исти симптоми како истоштеност и температура. Во таа ситуација може да се случи да имало случаи, но да минале незабележани. Истото го мислам и за мутирањето на вирусот, дека се појавил кај нас многу порано. Во Англија е откриен дури откако се заразиле повеќе од 50 проценти од луѓето“, вели д-р Глигиќ за b92.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе