Зошто се ниша еден од највисоките облакодери во Кина?

Еден од највисоките кинески облакодери беше евакуиран денеска откако почна да се ниша, а луѓето во паника избегаа на сигурно.

Облакодерот SEG Plaza висок скоро триста метри, што се издига во јужниот град Шенжен, необјасниво започна да се ниша околу 13 часот по локално време, па веднаш беше извршена евакуација на луѓето внатре, додека минувачите на околните улици гледаа во шок.

Зградата беше затворена во 14 часот и 40 минути по локално време, објавија локалните медиуми.

Завршена во 2000 година, сместена во срцето на еден од најбрзо растечките градови во Кина, кулата е дом на еден од најголемите пазари за електроника.

*Внимание! Содржината на видеото може да ве вознемири!

Причината за нишањето сè уште не е позната

Агенцијата за управување со вонредни состојби истражува што предизвикало нишање на облакодерот во округот Футиана во Шенжен, според објавата на платформата Weibo, позната како кинескиот Twitter.

„По проверка и анализа на податоците на различните станици за следење на земјотреси низ градот, беше заклучено дека денес немало земјотреси во Шенжен“, се вели во соопштението.

„Причината за нишањето ја проверуваат различни оддели.“

Засега е непознато што ќе стори владата во случај на опасност од паѓање на зграда од оваа големина, лоцирана во центарот на градот со 12 милиони жители.

„SEG е целосно евакуирана“, напиша еден корисник на Weibo во описот на објавеното видео.

Кулата е именувана според производителот на полупроводници и електроника Shenzhen Electronics Group, чии канцеларии се наоѓаат во таа зграда.

Според Советот за високи згради, таа е 18-та највисока кула во Шенжен.

Кинеските власти минатата година забранија изградба на облакодери повисоки од 500 метри.

Уривањето на згради не е невообичаено во Кина каде градежните стандарди се слаби, а поради зачудувачката урбанизација, изградбата се одвива набрзина.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе