10 занимливости за Наполеон што веројатно не ги знаете

Ова се 10 интересни факти за Наполеон Бонапарта кои најверојатно ќе ве изненадат.

Наполеон Бонапарта е историска личност опкружена со бројни митови, како и факти кои често остануваат неприметени. Како на пример тоа што како млад ја мразел Франција или дека не бил толку низок колку што се мисли.

Во прилог - некои од најинтересните факти поврзани со Наполеон.

Се чувствувал искомплексирано поради акцентот

Наполеон бил роден во италијанско семејство на Корзика, остров кој ѝ припаѓал на Република Џенова и бил продаден на Франција само една година пред да се роди. Додека Корзика била под Џенова, неговиот татко Карло активно се борел за независност. Во неговото семејство не се зборувало француски и го научил сам дури 10-годишна возраст. Дури и тогаш, задржал силен џеновски акцент поради што се чувствувал многу искомплексирано.

Во младоста ја мразел Франција

Еден од најпознатите Французи во историјата пораснал мразејќи ја земјата што подоцна ќе ја води и која ќе го претвори во национален симбол. Наполеон ја сметал Франција за угнетувач на неговата родна Корзика и ја мразел, иако служел во француската армија.

Со 16 години станал офицер, а на 20 се борел во Револуцијата

Наполеон уште од мали нозе ги покажал своите воени вештини. На само 10 години влегол во воената академија, а на 16 дипломирал како артилериски втор поручник. По избувнувањето на Француската револуција, на само 20 години, бил назначен за втор по команда на Националната доброволна гарда на Корзика.

Бил самоук

Наполеон не бил одличен ученик на училиште, но читал многу, особено воени и политички теми. Им се восхитувал на големите водачи од минатото, особено на Александар Македонски, и со часови можел да ги проучува нивните тактики. Неговиот брз подем може делумно да се објасни со споменатиот факт, заедно со големата харизма.

Не бил пренизок, всушност бил над просекот за тоа време

Наполеон имал неколку прекари кои алудирале на неговиот наводен низок раст, но во реалноста тој бил повисок од францускиот просек од тоа време, со 168 сантиметри. Причината поради која се верувало дека е низок била поради конфузија: кога умрел, неговата висина била измерена со нова единица, француски стапки, чија должина била различна од англиската. Многумина кои никогаш лично не го виделе верувале дека неговата висина е дадена во англиски стапки, што одговарало на 157 см.

Се обиделе да го убијат со буре вино

Во 1800 година, некои ројалистички заговорници се обиделе да го убијат Наполеон со тоа што поставиле буре со вино исполнето со барут на рутата што требало да ја помине до Париската опера. Меѓутоа, кочијата се движела побрзо од очекуваното и лицето задолжено за палење на фитилот погрешно го пресметало времето, па бурето експлодирало кога кочијата на Бонапарта веќе поминала: пет лица загинале, но Наполеон останал неповреден.

Киднапирал римски папа

Во 1809 година, Наполеон одлучил да се разведе од својата прва сопруга Жозефина, за да се ожени со ќерката на австрискиот цар. Бидејќи папата Пиј VII не сакал да го одобри овој потег, Бонапарта го уапсил папата и го „поканил“ да престојува во Франција додека не го прифати ова и другите негови барања, како што било потпишувањето на договор во корист на неговите интереси.

Бетовен сакал да му посвети симфонија

Композиторот Лудвиг ван Бетовен чувствувал и восхит и омраза кон Наполеон. Бетовен му се восхитуваше на овој човек со скромно потекло кој се искачил на такви височини и сакал да му ја посвети својата Трета симфонија, наречена „Ероика“. Меѓутоа, кога Наполеон се прогласил за цар, Бетовен, кој сочувствувал со либералните идеи, бил разочаран од неговиот арогантен став и го сменил насловот во „Херојска симфонија, составена за да го слави споменот на еден голем човек“.

Remote video URL
Неговиот омилен коњ бил земен како воен плен

Наполеон имал голема страст за коњите: имал 130 од нив, а омилен му бил Маренго. Го придружувал во најважните битки. Во Ватерло, Маренго бил пронајден на бојното поле од британски поручник, кој го однел во Англија и му го продал на потполковникот Вилијам Ангерштајн. Ангерштајн го чувал коњот на Наполеон додека не умрел, но приказната не завршува тука: предните копита му биле претворени во кутии за бурмут.

Дали умрел од труење?

Со децении се шпекулираше дека Наполеон бил отруен до смрт од неговите англиски киднапери за време на неговиот егзил на островот Света Елена. Ова е полувистина: тој мора да бил отруен, но не намерно. Хартијата што ги покривала ѕидовите на неговата резиденција - што тој самиот ја избрал - содржела високо токсично соединение арсен, кое во тоа време било широко користено за правење зелена хартија и што веројатно била причина за ракот на желудникот што довел до неговата смрт.

Тагови
реклама

Вести

Нема вештачката интелигенција да ви ја земе работата, туку луѓето кои ја користат

Read more

Додека Европејците учат англиски, цел Балкан учи германски на Duolingo

Read more

Масивен сателит денеска неконтролирано паѓа на Земјата, ќе профучи близу Македонија

Read more

Првиот човек со мозочен имплант контролира маус со своите мисли

Read more
 

Гик

  • filter

Во Бугарија откриена гробница стара 1.800 години: Раскажува тажна семејна приказна

Читај повеќе

Нема вештачката интелигенција да ви ја земе работата, туку луѓето кои ја користат

Читај повеќе

Додека Европејците учат англиски, цел Балкан учи германски на Duolingo

Читај повеќе

Масивен сателит денеска неконтролирано паѓа на Земјата, ќе профучи близу Македонија

Читај повеќе

Пронајдена најголемата змија во светот

Читај повеќе

Веднаш избришете ги: Апликации што крадат банкарски податоци и „чистат“ сметки

Читај повеќе

Првиот човек со мозочен имплант контролира маус со своите мисли

Читај повеќе

Кога старите Египќани почнале да ги мумифицираат мртовците?

Читај повеќе

Кинескиот конкурент на Boeing и Airbus го имаше своето меѓународно деби

Читај повеќе