САМО 333 ПРИМЕРОЦИ

Aston Martin го претстави долгоочекуваниот V12 Vantage, веќе е распродаден

Еден од последните автомобили придвижуван од V12 мотор, од 0 до 100 км/ч стигнува за 3,5 секунди и развива 322 км/ч.

 

По неодамнешното претставување на моделот DBX 707 со кој Aston Martin се проби во првите редови на теренците со високи перформанси во британската автомобилска компанија, ја завршија работата и на нивниот најнов сериски модел, под чија долга предна хауба се крие V12 мотор.

Најмоќниот Vantage досега е придвижуван од 5,2-литарски V12 мотор кој развива 700 коњски сили при 6.500 вртежи во минута и 753 Nm максимален вртежен момент од 1.800 вртежи во минута со помош на два турбополначи, а за пренос на силата на задната оска е задолжен 8-брзински автоматски менувач ZF.

Тежината на еден од последните автомобили со V12 мотор е 1.795 килограми, а за „диетата“ помогна и обилната употреба на карбон, па односот на тежина и моќност на крајот е за повеќе од 20 проценти подобар од најмоќната верзија на погон со V8 мотор.

Поставен на лесни алуминиумски тркала од 21 инчи (зад кои се гледаат карбон-керамички сопирачки) на кои се гуми Michelin Pilot Sport 4S, Coupé достигнува 100 км/ч за 3,5 секунди и развива максимална брзина од 322 км/ч.

Aston Martin ќе го направи V12 Vantage во само 333 примероци. Сите се веќе распродадени, а првите испораки до купувачите се планирани за вториот квартал.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Авто новости

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе