Ажурирајте го вашиот iPhone веднаш, Apple го реши проблемот со прегревање

Apple објави ново ажурирање за своите уреди, во кое посебно се осврна на проблемот со прегревање на моделите на iPhone 15.

Да потсетиме дека корисниците масовно известуваа дека нивните нови телефони се прегреале при користење и полнење, до тој степен што држењето на уредот iPhone 15 во рака станало крајно непријатно.

На почетокот на неделата Apple излезе со официјална изјава и ги уверуваше корисниците дека проблемот нема да предизвика дефект, дека е од софтверска природа и дека ќе биде закрпен што е можно поскоро. Токму тоа се случи сега, па сите корисници на iPhone можат веднаш да го ажурираат својот оперативен систем до најновата верзија - iOS 17.0.3.

Еве што вели гигантот од Купертино за ажурирањето: „Оваа надградба носи важни поправки на багови, безбедносни закрпи (patches) и го решава проблемот што предизвика iPhone да се вжештува повеќе од очекуваното“.

Оваа надградба се занимава исклучиво со проблемот во самиот оперативен систем, а Apple веќе нагласи дека прегревање може да дојде и поради неоптимизирани апликации, кои во моментот на официјалното објавување вклучуваа имиња како Instagram, Asphalt 9 и Uber. Instagram и Uber веќе се ажурирани за да работат подобро на новиот хардвер, но Asphalt 9 сè уште не е.

Значи, ако користите еден од уредите iPhone 15 или iPhone 15 Pro, не заборавајте да го ажурирате вашиот телефон. Ако сè уште не сте го добиле известувањето, можете сами да одите на Settings > General > Software Update, да почекате ажурирањето да се вчита и потоа да го допрете копчето Update Now.

За жал, ако и вие имате проблем со звучниците, ќе мора да почекате уште некое време додека Apple да го поправи овој дефект.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Мобилни

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Read more

Tи се игра „змија?“

Read more

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Read more
 

Гик

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе