ЗОИ 2022

Чудото од Казањ: Која е Русинката што го одушеви светот?

„Чудото од Казањ“, така ја нарекуваат маестралната руска лизгачка Камила Валиева, која на ЗОИ во Пекинг имаше историски настап. Русинката елегантно го изведе еден од најтешките скокови во уметничко лизгање, толку тежок што досега ниту една друга жена го нема изведено на Олимписките игри.

Петнаесетгодишната девојка од Казањ двапати скокна во четворократен скок. Нејзиниот перформанс донесе златен медал за рускиот тим, додека САД освоија сребро, а Јапонија бронза.

Четворократните скокови бараат најмалку четири движења во воздух. Почести се во машкото уметничко лизгање, но досега ниту една жена ги нема изведено на Олимписките игри. Тоа успеа да го направи Камила Валиеава, чудото од рускиот град Казањ.

Родена е на 26 април 2006 година, а со лизгање почнала да се занимава во 2009 година. Како дете вежбала гимнастика и балет, но за неа не биле доволен предизвик. Поради големиот талент, со мајка си се преселила во Москва. Во 2018 година почнала да вежба со тренерот Етери Георгиевна со која и денес соработува.

Камила држи девет светски рекорди во лизгање. Сега, нејзиниот тим освои злато и Валиева ќе се натпреварува во женско индивидуално лизгање во кратката програма на 15 февруари и во слободно лизгање на 17 февруари.

Во интервју за кинеските медиуми порача да не очекуваме нови неверојатни скокови.

„Мислам дека секој можен скок е веќе изведен, скоро и да не останаа скокови“, вели талентираната Русинка.

Remote video URL
реклама

Најубавиот турски ручек според ресторански рецепт

Read more

Кои апарати во домот ќе ве чинат поскапо ако ги исклучите од струја?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Останати спортови

Почина великанот Алекс Ѕанарди

Read more

11-те олимписки медали не ѝ се доволни: Феликс се враќа од пензија за Олимпијадата во Лос Анџелес

Read more

Еден од најдобрите спортисти во историјата на Словенија ја заврши кариерата

Read more

Гледач загина во рели трка откако автомобил со полна брзина се заби во публика

Read more
 

Спорт

Американците без Кардосо на Мундијалот

Читај повеќе

Дик Адвокат се врати на клупата на Курасао, ќе го води на Светско

Читај повеќе

Неверојатна математика може да ја спаси Македонија ЃП од испаѓање

Читај повеќе
  • play_arrow

Излегоа снимки: Тео Ернандес ги организирал забавите со ескорт девојки

Читај повеќе

Италија опен прави хаос во Серија А: Го презакажа римското дерби и уште 4 други

Читај повеќе

Дали е ова крајот? Леброн можеби го одигра својот последен натпревар за Лејкерс

Читај повеќе

AS: Модриќ размислува за пензионирање

Читај повеќе

Чаби Алонсо оди во Премиер лига?

Читај повеќе

Скалони објави поширок список од 55 играчи за одбрана на светската титула

Читај повеќе