Дали одложувањето на алармот е добра навика?

Кога наутро ќе ви заѕвони алармот, можеби прво што ви доаѓа на ум е да го притиснете копчето за одложување. Не сте единствени кои го правите тоа, во пракса истата навика ја имаат милиони луѓе низ светот.

Според нова студија од Универзитетот Нотр Дам во Индијана, 57% од возрасните луѓе обично сакаат по огласување на будилникот уште малку да поспијат, така што се потребни уште неколку ѕвонења за конечно да се разбудат и станат од креветот.

Научниците предупредуваат на штетноста на одложување со аргумент дека тоа може да го наруши циклусот на спиење бидејќи исклучувањето на будилникот и продолжувањето на дремење во кревет доведува до тоа нашето тело да „мисли“ дека сме во следниот циклус на спиење кој се прекинува кога навистина ќе се разбудиме.

„Она што досега го знаеме за спиењето е преземено од податоци за сонот, стресот или сличните однесувања“, вели Стивен Метингли, главен автор на студијата и истражувач во Нотр Дам.

Студијата ја правел со колегата Арон Стригел, професор по компјутерски науки и инженерство.

„Будилниците, паметните телефони и сличните уреди имаат копче за одложување. Експертите генерално се против употреба на тоа одложување, но кога тргнавме во потрга за факти кои неспорно го докажуваат тоа, ги немаше. Сега имаме податоци кои докажуваат колку всушност тоа однесување е вообичаено, но сепак малку детали се познати за оваа навика“, наведоа авторите.

Во студијата учествувале 450 возрасни луѓе кои работеле полно работно време и пополниле анкета и прашалник за нивните навики во спиењето. Уредите кои ги носеле исто така биле употребени за мерење на траењето на спиење и отчукувањата на срцето кај учесниците.

Резултатите се објавени во Sleep и покажуваат дека жените за 50% повеќе дремат од мажите.

„Голем број луѓе го одложуваат будењето бидејќи се чувствуваат хронично уморно“, вели Метингли.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе