Домашна пица на српски начин - со сланина и кисели краставички

Пицата е едно од омилените јадења во целиот свет. Ви предлагаме да го пробате овој рецепт од соседна Србија за малку необична пица со сланина и кисели краставички.

Пицата е познат италијански специјалитет, а најпознати се маргерита и капричоза. Денес се прави во многу земји, а сите пицаџии кои го подготвуваат си ставаат свој личен печат. Ви предлагаме да направите пица по српски рецепт со сланина и кисели краставички со тесто кое сами ќе го замесите. Веруваме дека на многумина ќе им се допадне ова гурманско јадење.

Потребни состојки:

  • доматен сос
  • 200 гр сланина
  • 400 гр шунка
  • 350 гр кашкавал
  • 5-6 кисели краставички
  • 150 гр печурки
  • оригано

За тестото:

  • 350 гр брашно
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1/2 коцка квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 250 мл вода

Подготовка:

Во млака вода додадете издробен квасец и шеќер, па добро измешајте. Оставете го 10 минути да се активира, а потоа додадете просеано брашно и маслиново масло. Месете го тестото за пица. Покријте со проѕирна фолија и оставете 10-15 минути да нарасне. Тестото за пица развлечете го со дебелина од половина прст, па префрлете го во плех подмачкан со масло.

Премачкајте го со доматен сос, па одозгора посипете ја ренданата шунка, па наредете ги сечканите печурки и сланина, како и краставиците. Најгоре изрендајте кашкавал и посипете со оригано. Печете ја пицата во загреана рерна на 180°C околу 20 минути.

Тагови
реклама

Нови шокантни детали од Ковачки: Безбеден град го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

10 добри навики на паровите кои остануваат заедно засекогаш

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Пита со компири и пилешко

Read more

Идеја за посен ручек: Подварок со суви сливи

Read more

Печен карфиол со слатко-лут прелив

Read more

Рецепт за посна сарма со ореви

Read more
 

Магазин

Астро љубов: Какви бивши сте според хороскопскиот знак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Читај повеќе

Кои се најчестите постпородилни проблеми од кои страдаат милиони жени?

Читај повеќе

Како зимското време влијае на метаболизмот?

Читај повеќе

Зошто животот во брак може да го зголеми крвниот притисок?

Читај повеќе
  • play_arrow

5 најдобри вежби за да ги набилдате мускулите на рацете

Читај повеќе

Викенд хороскоп: Лавот ќе биде ѕвезда, Јарецот бара внатрешен мир

Читај повеќе

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Читај повеќе

Кои моменти од детството децата ќе ги паметат засекогаш?

Читај повеќе