Гонзалес: Висла е натпреварот на сезоната за Вардар

Вардар во сабота (18 часот), ќе го пречека клубот Висла во возвратниот натпревар од осминафиналната фаза во Лигата на шампионите. Целосна мобилизација владее во редовите на „црвено црните“ пред реваншот, особено поради резултатот 30:30, по првиот меч во Полска.

Висла е незгоден тим со неколкумина квалитетни поединци, кој сезонава игра многу подобро на гостински терен отколку пред своите навивачи. Овој податок добро го знаат во вардаровиот табор, поради што уште повеќе жалат што во првиот меч полскиот тим не беше совладан, бидејќи Вардар на три минути до крајот имаше предност од четири гола.

Поради тоа, на прес-конференцијата во пресрет на натпреварот, тренерот Раул Гонзалес и пикерот Стојанче Стоилов се согласија дека „дуелот со Висла за Вардар е меч на сезоната“.

„Поради резултатот во Полска, ние имаме многу добра шанса да одиме во четвртфиналето, треба да го искористиме домашниот терен. Треба да одиграме многу подобро во одбраната, бидејќи таму не одигравме добро, примивме 30 голови. Знам дека нé очекува многу тежок меч, иако сите мислат дека лесно ќе победиме. Висла има добри играчи, игра подобро надвор, како што играа во Кил или Веспрем. Поради тоа, ние мора да бидеме подготвени, не знам каков ќе биде резултатот, но овој меч е многу значаен за нас, како да играме финале. Чувствуваме притисок, ова е најважниот меч во сезоната за нас“, рече Раул Гонзалес.

„Ова е најважниот меч за нас, малку сме разочарани што не победивме таму, бидејќи ја имавме шансата, но и нерешено е добар резултат. Сепак, дуелот во Полска беше само прво полувреме. Очекувам тежок дуел, се надевам дека нема да ги разочараме нашите навивачи и дека ќе ја совладаме Висла“, рече Стоилов.

Вардаровиот тренер и за овој меч се соочува со проблеми околу тимот - Филип Лазаров сигурно нема да игра, додека, како што рече шпанскиот стратег, неизвесен е и настапот на Сергеј Горбок, кој започнал со тренинзите по повредата.

„Тој започна да тренира, но не знаеме во каква форма се наоѓа. Ние тактиката ја подготвуваме без Горбок, бидејќи не знаеме во каква состојба е по повредата“, - рече Гонзалес.

Дуелот Вардар-Висла ќе се игра во СЦ Јане Сандански, во сабота од 18 часот. Влезниците за дуелот се распродадени, а клубот за овој меч ќе организира фан зона пред салата во населбата Аеродром.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Ракомет

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Read more

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Read more

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Read more

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе