Една слика на Instagram со постигнатите голови и асистенции за сите шест сезони, Икарди со стил се збогува од клубот кој му ја зема капитенската лента и потоа со сите сили го бркаше да си оди.
Од 2013 до 2019 Мауро Икарди за Интер одигра 291 натпревар, постигна 124 голови и забележа 39 асистенции. Тоа го стави во својата прикажна на Instagram додавајќи и по едно културно „благодарам за сѐ“ и „догледање“, но она првото остава простор за различни интерпретации. Можеби е едно иронично „благодарам“ за тоа како клубот на крајот се однесуваше кон човекот кој ги постигна овие импресивни бројки бранејќи го црно-синиот дрес.
Аргентинецот на последниот ден од преодниот рок премина во ПСЖ како позајмен играч, но наредното лето позајмицата ќе биде претворена во целосен трансфер. Интер конечно ќе се ослободи од својот некогашен миленик...