Мкаедонската Дејвис куп двојка Калин Ивановски и Стефан Мицов се пласираа во полуфиналето, додека со денешните порази на Берк Бугариќ и Обрад Марковски во 2. коло нема веќе преостанати македонски тенисери на ИТФ турнирот за сингл што се одржува во Скопје.
Од по двачасовна игра во 1. коло со 2:0 го елиминираше Илја Снитари од Молдавија, денеска Бугариќ со истиот резултат потклекна пред првиот носител на турнирот Орланду Луз, губејќи ги двата сета со високи 6:1. Бразилецот во 1. коло го исфрли нашиот најмлад натпреварувач, 18-годишниот Калин Ивановски кој пружи добар отпор губејќи со 7:6 и 6:3.
Марковски место во втората рунда обезбеди откако Брендон Вокин од Австралија го предаде натпреварот при резултат 6:0 и 2:0 во вториот сет, но денеска загуби од Тунижанецот Моез Ешарги со 2:0 (6:3 и 6:2)
Претходно, турнирот го завршија и Стефан Мицов и Горазд Србљак кои забележаа порази во соочувањата со Словакот Лукас Палович и Уругваецот Франко Ронкадели.
Турнирот го продолжува и нашата Дејвис куп двојка Калин Ивановски и Стефан Мицов кои стигнаа до полуфиналето откако во денешното четвртфинале австралиската двојка Метју Ромиос и Брендон Вокин го предаде натпреварот при водство на нашите од 4:1 во првиот сет. Македонците за пласман во финалето утре ќе се борат против романско-молдавската двојка Стефан Палоси и Илја Снитари.
Во 1. коло Ивановски и Мицов со 2:1 ги елиминираа Николас Бруна од Чиле и Франко Ронкадели од Уругвај.