Škoda работи вредно на новата генерација на моделот Superb кој ќе биде наменет за европскиот пазар, а познатото руско списание Kolesa објави рендери кои откриваат како би можело да изгледа новиот автомобил.
Компанијата вложува многу во SUV автомобилите, но и понатаму се посветени на Д сегментот на Стариот континент. Пред неколку денови се појавија некои информации за новиот Superb, а потоа беа објавени и официјалните скици. Списанието Kolesa врз основа на овие скици креаираше рендери.
Според фотографиите, Škoda нема да претстави нов дизајн туку ќе се посветат само на екстериерот.
Новиот Superb има сличен дизајн како и Octavia, a најмногу наликува според предниот дел кој е речиси индентичен како оној на Octavia.
Наскоро се очекуваат и прототипи со продукциска каросерија и светла, но сè уште не е познато кога може да го очекуваме овој модел од Д сегментот.