Клоп го разнежни подарок од навивач на Ливерпул, ќе го чува на посебно место

Јирген Клоп веќе е дел од славното минато на Ливерпул.

Германскиот тренер минатата недела го одигра последниот натпревар на „Енфилд“ против Вулверхемптон (2:0), а неговото збогување со навивачите беше многу емотивно.

Како дел од неговото збогување, илјадници навивачи на Ливерпул му испратија подароци и писма со благодарност за она што го постигна во текот на деветте години минати во „црвените“, а Клоп отвори дел од нив пред клупските камери.

Но, еден подарок посебно му го привлече вниманието. Тоа е музичка кутија.

Кога ја слушна музиката, се возбуди и вети дека ќе ја чува на посебно место дома: „Ова ќе биде во собата за трофеи. Ви благодарам многу. Апсолутно убаво“, изјави Клоп.

Инаку, станува збор за тактови од познатиот хит на Битлси „I Feel Fine“ кои навивачите на Ливерпул му ги посветија на легендарниот Клоп со зборовите „I'm so glad that Jurgen is red“ (Многу ми е мило што Јирген е црвен).

Да потсетиме, Ливерпул официјално го претстави новиот тренер, Холанѓанецот Арне Слот, кој ќе го наследи Јирген Клоп на клупата на „црвените“.

Слот во Ливерпул пристигнува од Феенорд, каде имаше активен договор, но „црвените“ го купија со постигнување договор со овој холандски клуб.

реклама

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Што е најевтино за возење: Електричен автомобил, бензинец или дизелаш?

Read more

Ретрограден Плутон ќе им го смени животот на четири хороскопски знаци

Read more

Која е најдобрата заштита за автомобил од град?

Read more

Фудбал

Ѕвездата на Реал Мадрид го прекина молкот: Доста измислувате

Read more

Романо: Алонсо целиот свој живот се подготвуваше за овој момент

Read more

Зошто Барса нема да слави на теренот ако утре стане шампион?

Read more

Иконската Сампдорија падна најниско во својата богата историја

Read more
 

Спорт

Ѕвездата на Реал Мадрид го прекина молкот: Доста измислувате

Читај повеќе

Романо: Алонсо целиот свој живот се подготвуваше за овој момент

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Барса нема да слави на теренот ако утре стане шампион?

Читај повеќе

Иконската Сампдорија падна најниско во својата богата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Кливленд шокатно испадна, пирови 44 поени на Јокиќ

Читај повеќе

Интер со најголема заработка меѓу италијанските клубови во историјата на ЛШ

Читај повеќе

Мајкл Џордан ќе стане стручен коментатор на НБА натпреварите

Читај повеќе
  • play_arrow

Сити го краде најдобриот играч на Милан како замена за Де Брујне

Читај повеќе

Бразил мора да ги менува правилата за пушење поради Анчелоти

Читај повеќе