Кој е Гави, новиот Чави?

Луис Енрике синоќа во стартните единаесетмина го стави 17-годишниот играч на Барселона - и не погреши, а со тоа Гави влезе во историјата како најмлад репрезентативец.

Новиот Чави е Гави. Роден на 5 август 2004 година во гратчето Лос Паласиос и Виљафранка во Андалузија, Пабло Мартин Паес Гавира потекнува од младинската академија на Бетис, а од свои 11 години е дел од Барселона.

Сезонава дебитираше за сениорскиот тим на Барса и е најсветлата точка во очајниот тим на Каталонците. Токму поради тоа го привлече и вниманието на селекторот Луис Енрике кој поради многубројните отсуства одлучи да го вклучи тинејџерот во тимот за фајнлфор турнирот во Лигата на нации. Синоќа, дури и го стави во оган вметнувајќи го во почетниот состав.

Со својата игра Гави се претстави пред светската јавност во најдобро можно светло, импресионирајќи со динамиката и техниката. И не само тоа, туку со него Шпанија ја победи Италија, актуелен европски шампион, и тоа на нејзино тло среде Милано, каде никогаш претходно „Аѕурите“ не беа поразени. Барселона дефинитивно има иднина, го има новиот Чави.

Со 17 години и 62 дена Гави стана најмладиот фудбалер кој го облекол шпанскиот дрес, рушејќи го 85 години стариот рекорд на Баскиецот Ангел Субиета поставен во 1936 година. Интересно, Субиета иако дебитирал млад одиграл вкупно само 2 натпревара за Шпанија, но затоа 34 пати играл за непризнаената репрезентација на Баскија.

Пред Гави, најблиску до рушење на рекордот за најмлад играч беше неговиот соиграч од Барса, Ансу Фати, кој со 17 години и 308 дена лани дебитираше за Шпанија.

„Гледајте колку добри се децата во Шпанија! Не е нормално да се гледа играч со ваков карактер, ваква самодоверба на неговото деби. Тој ќе биде иднината на Шпанија, а мислам дека и сегашноста. Верати е неговиот идол. Му реков: 'Денеска ќе правиш притисок врз Верати од почеток до крај. Многу му се допадна тоа'“, рече синоќа Луис Енрике во изјава за RAI.

Гави синоќа не беше единствениот дебитант кај Шпанија. И една година постариот Јереми Пино, играч на Виљареал, го запиша првиот настап кога влезе во игра во 47. минута на местото на повредениот Феран Торес.

Ако ова се резервистите на десеткуваната Шпанија, тогаш следува нова златна генерација во шпанскиот фудбал.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе