Конте: Загубивме чуден натпревар

Тренерот на Интер е убеден дека неговиот тим играл добро, но среќата го одминала.

„Нераѕурите“ синоќа пропуштија голема шанса да го преземат врвот на табелата во Серија А откако загубија на гостувањето во Џенова кај тимот на Сампдорија. Во 12. минута се очекуваше водство на Интер, но Алексис Санчес не реализираше пенал бидејќи голманот Емил Аудеро одбрани, а набрзо потоа Антонио Кандрева погоди за домашните. Во 38. минута Кеита Балде се погрижи за 2:0. Во вториот дел Стефан де Врај со глава намали на 2:1, но тоа беше сѐ што Интер успеа да направи.

„Беше чуден натпревар. Се најдовме во една ситуација од промашен пенал до примени два гола набрзина еден по друг, што ни ги отежна работите. Сепак, тимот играше добро и создаде многу шанси за гол. Понекогаш, можете да загубите натпревари на кои сте доминирале. Кога веќе бевме во два негатива, стана тешко. Пробавме, но не бевме во можност да извадиме добар резултат“, рече Конте.

Remote video URL

Поради повреда беше најавено дека голгетерот Ромелу Лукаку нема да игра, но тој се најде на клупата и Конте беше приморан да го стави во игра во вториот дел. Но, ни тој не помогна да се избегне пораз.

„Не беше првпат да играме без Ромелу. Јасно едека тој е играч со одредени квалитети, но не беше 100% подготвен, што и се виде кога влезе во игра. Разочарани сме бидејќи заслуживме повеќе“.

„За да се подобриме, мора да ги анализираме позитивните аспекти од овој натпревар, но и оние кои не ни одеа од рака. Сепак, како што веќе реков, беше чуден натпревар. Момците покажаа посветеност и желба, но фортуната нѐ заборави“, вели тој.

Со 41 гол на 16 натпревари Интер сезонава е најефикасен тим во лигата, за што заслуга секако има Конте и неговата офанзивна тактика. Затоа, пак, одбраната прими дури 21 гол.

„Имајќи ги предвид сите шанси кои ги направивме, верувам дека сме одлични во нападите. Ја користиме широчината на теренот, нашите играчи од средината одат напред, а тука е и целата работа која ја прават двата напаѓачи. Веројатно во првиот дел од сезоната ни недостасуваше малку баланс. Примивме многу голови, но затоа немам поплаки за играта во нападот и начинот на кој освојуваме простор. Сите голови кои ги дадовме оваа сезона и мината се плод на ваквата игра“

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе