Кошмарни слетувања: Бурата Малик носи авиони како играчки

Бурите Малик и Кори ја погодија Велика Британија и оставија без струја илјадници домови, а посебна опасност претставуваат и за воздушниот сообраќај, бидејќи авионите се соочуваат со силни налети на ветер, кои одат и до 200 километри на час.

Вештините на пилотите дојдоа до полн израз во случаите на слетување при екстремно силен ветер, снимени на аеродромот „Хитроу“ во Лондон и аеродромот во Манчестер.

На видеото од Лондон се гледа како авион на British Airways се приближува кон пистата и се спротивставува на силните налети на ветерот. Авионот успева да ја допре пистата со тркалата, но ветрот почнува да го ниша, до толку што за малку не удри во земјата со едното крило. Пилотот сепак одлучи да се откаже од слетувањето и го крена авионот за да се обиде повторно. Во таа прилика, како што може да се види на видеото, тој дури и малку ја изгреба пистата со задниот дел од авионот.

URL

Од British Airways за британските медиуми изјавија дека авионот потоа успешно слетал и дека немало никакви проблеми со екипажот и патниците.

„Нашите пилоти се обучени да се справуваат со различни сценарија, вклучително и екстремни временски услови“, се вели во соопштението на British Airways.

Други снимки направени во Манчестер покажуваат дека повеќе авиони од различни авиокомпании го доживуваат истото како авионот во Лондон - силни налети на ветер што предизвикува некои веднаш да слетаат, други да се откажат додека силните ветрови ги носат лево-десно или горе-доле.

Remote video URL
Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе